ПОВИК ДО МЛАДИТЕ ХРИСТИЈАНИ

Секој од нас си има свои обврски на кои го посветуваме своето време. И тоа е во ред !

Но сега Бог не повикува да одвоиме 10 минути од нашето време.

Врати се кога ќе имаш слободно време и прочитај ја оваа порака!

Адвентното движење било движење претежно на млади лица. Движењето го предводеле млади, како : Џемс Вајт, кој почнал да проповеда во дваесет и првата година, Елена Вајт, која својата прва визија ја примила на седумнаесет години и Џон Лафброу, кој започнал да проповеда во седумнаесетата година. Никој не им служел нив – тие им служеле на другите. Ги објавувале величествените вистини што ги откриле во Божјата реч, делејќи ги со другите. Во дамнешната 1879 година четиринаесетогдишниот Лутер Ворен и седумнаесетгодишниот Хари Фенер се молеле под едно дрво Бог да ги води да доведат и други млади кај Христа. Вдахновени во оваа молитва, овие двајца тинеџери го основале првото младинско мисионерско оделение во нашата црква, кое во почетокот се состоело само од девет момчиња.

Овој историски преглед служи како илустрација на она што Бог сака да го постигне со младите денес. Бог ќе употреби младинци и деца за да ја објават веста за неговото доаѓање, како што го правел тоа во минатото.

Тој бара млади лица кои во длабочината на својата душа се искрени и чесни, кој ќе стојат за вистината и правдата, макар и небото да се сруши. Историјата ги бележи оние што верувале во Божјата реч и цврсто стоеле пред силите на овој свет!

Младино, Бог ве повикува да го заземете своето место во неговите редови. Многу млади луѓе чекаат да се приклучат на големи настани, но ги занемаруваат секојдневните мали должности, со кој ја покажуваат нивната верност кон Бога. На тој начин тие дозволуваат животот да им помине залудно. Војната која се води помеѓу доброто и злотото е страшна затоа на Бога му се потребни храбри и решителни лица. Лавовите коишто застрашувачки ржеле во дупката, не можеле да ја поколебаат верата на Даниел во Бога. Вжарената печка не можела да ги натера тројцата пријатели да се поклонат пред идолот. Ние младите треба да му бидеме верни на Бога секогаш и на секое место, дури и во лавовска јама, во вжарена печка или на клада! Живееме во сериозно време: ни претстои важна задача која треба да ја исполниме.

Зборовите што и ги упатил Мардохеј на Естира можат да се применат и на нас денес:

И кој знае, дали токму за вакво време не си достигнала царско достоинство? Одбран си да живееш во оваа време, бидејќи имаш такви дарови кои се потребни за оваа последно време. Бог те одбрал да живееш во оваа време, зашто ти си му потребен. Сега не е време да се срамиш од својата вера. Не е време да склопуваш сојуз со непријателот. Младинци не е време да се мешате со најдолниот слој на овој свет и да уживате во поминливите забави и пирувања. Целата вселена не посматра и ги следи завршните настани во големата борба помеѓу Христа и сатаната.

Што може да биде повредно во овој миг од верноста кон живиот Бог? Дали постои нешто на овој свет толку вредно што може да не задржи да не влеземе во ветената земја, сега кога се наоѓаме толку близу до нејзината граница? Јосиф не ја криел својата верност кон Бога. Данаил не доволувал ништо да застане помеѓу него и неговиот Бог. Бог денеска те повикува да му бидеш верен како Јосиф и Данило.

Пасивноста е духовен какол кој мора да биде остранет. Ако се придружиме кон онаа група која верува во ,, ефтина милост,, и кажуваме ,,спасен сум,, а не ги држиме Божјите заповеди и неговите принципи, ќе бидеме изгубени за цела вечност.

Ако секое саботно утро се прашуваш дали си расположен таа сабота да одиш во црква знај дека се наоѓаш во групата на оние кои можат да ја изгубат вечноста. Лежиш во топол кревет или се забавуваш со пријателите и членовите на семејството, додека Небесниот Бог залудно чека да се сретнеш со него.

Дозволуваш Небесниот Бог да чека да чека на тебе!

И не ти паѓа на ум да скокнеш! Да станеш!

Кое прозирно извинување го нудиш? Не е доволно да доаѓаш во црква само кога тебе ти се доаѓа. Не треба да одиш во црква само да се забавуваш. Не треба да одиш во црква за да слушаш интересни проповеди. Треба да одиш во црква за да го обожаваш Бога. Треба да одиш во црква за да се сретнеш со Бога, твојот Создател и Создателот на Целата вселена.

Сега не е време да бидеш невнимателен и да бараш овоземни задоволства. Христос доаѓа! Дали си подготвен? Бог и црквата имаат големи надежи во тебе. Не смеееме да склопуваме сојуз со непријателот. Те прашувам, драга девојко и драго момче, Божји деца, вас кои велете дека сте Христови војници: ,,Каква битка биете? Каква стратегија превземате? Дали сте одбиле некоја работа, која Бог ви ја доверил јасно преку својата Реч, затоа што вам таа работа не ви одговарала или сте колебале да ја прифатите поради онаа или оваа неважна причина? Дали убедливиот глас на овој свет успеал да ве одврати од службата на Бога? Или сеуште грчевито се држите за сатанската облека, па не сте во состојба целосно да му се предадете на Бога? Дали она што го правите го нарушува Христовиот лик помеѓу луѓето? Дали вашите дела ги наведуваат да си одат од Христа? Ние понекогаш се обидуваме начелата на овој свет да ги воведеме во црквата, затоа што не сакаме да ги оставиме. Додека децата со радост се решаваат да го следат Бога.

Зошто се колебаш?

Уште колку долго Бог мора да чека?

Уште колку долго ќе си поигруваш со својот вечен живот?

Ангелите со нетрпение чекаат, додека Бог те убедува да го следиш. Уште колку долго Бог мора да плаче по тебе? На црквата и се потребни момчиња и девојчиња кои ќе се спротистават на секаков вид лицемерство и зло, кои ќе сведочат во сила, кои ќе донесат пробудување кај Божјиот народ и ќе ги придвижат неговите потклекнати сили.

Потребни се млади кои ќе можат да им одолеат на надојдените бранови на световноста и да ги предупредат христијаните против нивната млакост. Потребни се луѓе кои ќе бидат подготвени дури и да умрат, отколку да се откажат од Бога.

Момчиња и девојчиња, ве повикувам силата и свежината на својата младост да му ја подарите на Бога. Ве повикувам да одите напред кон целта, да напредуваме под знамето на принцот Емануел, попрскано со неговата крв, и да го носиме извикот на победа на своите усни. Исус повкува. ,, Кого да испратам и кој ќе отиде за нас? Исаија 6,8  Ако сакаш да одговориш на овој повик со целото свое срце, тогаш одговори:

“ Еве ме, испрати ме мене!“