Текстови

ПРОГОНСТВО НА БИБЛИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ЧИТАТЕЛИ

Во историјата на човештвото не се памети повеќе прогонувана и уништувана книга од Библијата. Но сепак таа останува најпреведуваната и најчитаната книга на светот.

Вистинитата сторија на еден брачен пар Тимотеј и Маура кои биле само неколку кратки недели во брак.

Кажи му Тимотеј, те молам! Викала Маура, проколнувајќи го својот маж. Кажи му каде е сокриено Писмото и биди слободен! Не можам оваа повеќе да го поднесам! Не можам повеќе да гледам.

Маура со ужас гледала како војниците со вжарено копје му ги копаат очите покушувајчи да ја ослабат неговата волја. Врзан во синџири целиот претепан и крвав помислувале дека оваа метода ќе биде успешна, но во почетокот стравот при фаќањето на Тимотеј сега било заменето со чуство на божји мир.

Наместо да се одрекне од својата вера како што очекувале овие војници и да ги каже каде се сокриени ракописите од Светото Писмо која ги сокрила неговата црква Тимотеј и се обратил на својата млада жена “Немој да дозволиш твојата љубов кон мене да ја замени љубовта спрема Христа“ ја охрабрувал Маура, укажувајќи на својата спремност да умре за својот Спасител. Посматрајќи ја храброста на својот маж и таа станала истрајна во непокобливоста на нејзината вера кон Христа.

Аријан сиот бесен што Тимотеј не проговорил, сега се втурнал на Маура. Одлучил да ја измачува на најсуровиот начин кој римскиот свет го познавал. Маура сепак не се поколебала да се одрекне од својата вера кон Христа.

После неописливите маки кои ги поднеле Тимотеј и Маура биле распнати еден до друг.

Како ние кои се нарекуваме христијани денес во дваесет и првиот век се однесуваме кон чистиот божји збор преточен во Светото Писмо, согледувајќи го фактот дека во минатото се гинело или пак нејзините страници биле многу ретки за читање. Дали кон оваа света книга сме постанале толку рамнодушни што може да се најде оставена на некоја полица збирајќи прашина, или пак ја изедначуваме со останатите книги кои ни се наредени во библиотеката.