Текстови

САБОТАТА НИЗ ВЕКОВИТЕ

1.век од нашата ера

Скоро сите цркви ширум светот ја слават светата тајна (Господовата вечера)секоја Сабота во седмицата.(Sokrates Scholastikus,Ecc.History)Потоа духовното семе Аврамово(христиј.) побегнале во Пела, на другата страна од Јордан, каде пронашле сигурно засолниште, и можеле да му служат на својот Учител и ја држат неговата Сабота.(Eusebius Ecclesiastical historu) Филон,филозоф и историчар, тврди дека тој ден за одмор паѓал во седмиот ден.

2.век

Првите христијани длабоко ја почитувале Саботата и го поминувале денот во молитва и слушајќи проповеди… Тоа го правеле по примерот на апостолите, како и од стиховите кои се однесувале на тоа. (D.T.H.Morer (Church of England) Dialogues on the Lord s Day, London,1701)

2, 3 и 4 век

Од апостолските денови до Соборот во Лаодикеја (364.год.н.е.)продолжило празнувањето на еврејската Сабота, како што докажуваат многу автори: да, наспроти декретот кој Соборот го издал против таа установа.(John Ley,Sunday and Sabbath,London,1604)

3.век

Уште од 225.година постоеле многу епархии во Источната црква, од Палестина до Индија кои ја држеле саботата.(Mingana,Early Spread of Christianity)

4.век

Во Миланската црква изгледа дека Саботата е многу почитувана. Не затоа што источните цркви или било која од останатите цркви биле наклонети кон јудаизмот, туку затоа што сите се собирале во саботниот ден да го слават Исуса „Господарот на Саботата“(Dr Peter Heylyn,History of the Sabbath,London,1636) Во текот на повеќе од 17 векови црквата во Абисинија(Етиопија)продолжила да ја празнува Саботата како свет ден од четвртата заповед. (Ambrose de Morbius)Амброзиј, прочуениот милански бискуп, рекол дека во Милано ја држел Саботата, а во Рим неделата. Така настанала изреката:„Кога си во Рим, прави она што и Рим.“ (Heylyn,History of the Sabbath)Персија 335-375.н.е. „Тие (христијаните)го презираат нашиот бог на Сонцето. Заратустра, основачот на нашето боженствено верување, зар не ја воспостави неделата(денот на сонцето) и ја замени со Саботата од Стариот завет? Но сепак тие христијани одржуваат служба во Сабота.(O Leary,The Syriac Church and Fathers)

5.век

Августин (чие сведоштво е повпечатливо затоа што бил почитувач на неделата) посочува… дека Саботата во негово време била празнувана во поголемиот дел на христијанскиот свет.(Nicene end Post-Nicene Fathers,1series,vol.1,str.353.354)Се до 5век продолжило со празнувањето на еврејската Сабота.(Lyman Coleman,Ancient History Exemplified,str 526)Во 411 год.водачот на источната црква го наименувал надбискупот за Кина. Тие цркви го празнувале седмиот ден.(J.F.Coltheart,The Sabbath throught the Centuries,str.11)

6.век

Во тој последен пример(Шкотската црква) како да се држела до обичајот чии трагови ги наоѓаме во поранешната монашка црква во Ирска, каде саботата ја празнувале како ден за одмор, каде сите се одмарале од своите работи.(W.T.Skene,Adamnan s Life of St. Columba,1874.str,96)

7.век

Изгледа дeka во првите векови за келтските цркви во Ирска и Шкотска било вообичаено да се празнува Саботата како ден за одмор. Тие ја почитувале четвртата заповед и доследно го празнувале седмиот ден. (C.Moffat,Church of Scotland )Од Гргур I римскиот папа, 604: Граѓани на Рим; Се случи да некои луѓе со изопачен ум, ја рашириле меѓу вас науката која се спротивставува на светата вера, забранувајќи да било што, се работи во сабота. Како поинаку да ги наречам освен проповедници на антихристот.

8.век

Индија, Кина, Персија,итн. Почитувањето на седмиот ден Сабота било распространато и долго траело помеѓу верниците на Источната црква и христијаните на св.Тома во Индија, кои никогаш не биле поврзани со Рим. Празнувана е и од многу заедници кои ја донеле од Рим, како што се: Абисинците, Јаковити, Маронити, Арменци. (New Herzog Encyklopedia of Religios Knoledge, Nesto-rians.) Седмиот ден ние принесуваме жртви, бидејќи ги очистивме своите срца и добивме прошка за нашите гревови, Оваа религија толку совршена и исклучителна, ја осветлува темнината со своите сјајни уредби. (China,781 AD, The Monument )

9.век

Папата Николас I, во деветиот век му испратил на Бугарскиот владетел еден документ во кое стоело дека треба да се воздржува секој од работа во недела, а не Сабота. Поглаварот на Грчката црква се спротивставил на ова мешање на папата, и го прогласил папата за екскомунициран.(Wilkinson, PH.D. Truth Triumphant )

10.век

Несторијанците не јадат свинско и ја држат Саботата. Не веруваат во исповед и во чистилиште. ( New Herzog Encyklopedia )

11.век

Шкотската кралица Маргарета се обидела да ги уништи следбениците на св.Колумбо, противејќи се на оние кои ја празнуваат Саботата наместо неделата.(Reported by T.R. Margaret of Scotland,Queen and Saint) За време на расколот помеѓу Грчката црква и Латинската во 1054 запишано е: Почитувањето на Саботата како на сите што им е позната, е предмет на жестока дебата помеѓу Грците и Латините.(J.M.Neale,A History of the Holy Eastern Shurch,sv.1,str.731)

12.век

Постојат траги за тоа дека во Ломбардија, во 12.век се празнувала Саботата. (Strongs Encyclopedija ) Франција: полни 20 години Пјер де Бриј го ширел своето влијание во Франција. Посебно го нагласувал денот за богослужение кој во тоа врема бил признат во келтските цркви на Британскита острови, меѓу Павликанита и во Источната црква, дека тоа бил денот од четвртата заповед. (Coltheart,str.18 )

13.век

Павликани, Валдежани, Инсабати и други големи верски заедници ја празнувале саботата се до 1250 година. (Coltheart,str.19 ) Канони против почитувачите на саботата, собор во Тулуз,1229: Канон 3: Темелно ќе се пребараат вилите, куќите и шумите на сопствениците во разни места, и ќе се уништи скровиштето на еретиците. На обичните верници не им е дозволено да го поседуваат ни Стариот ни Новиот завет.(Hefele)

14.век

Во 1310 година, двеста години пред Лутеровите тези, Моравските браќа представувале четвртина од населението на Чешка, биле во контакт со Валдежаните.Еразмо истакнува како Валдежаните строго се придржавале до седмиот ден Сабота.(Robert Cox,The literature of the Sabbath Question,sv.2,str.202) Норвешка: И самите свештеници го поттикнувале народот да ја држи Саботата наместо неделата. (Theological Periodicals For The Evangelical Church in Norway,sv.1,str 184 )

15.век

Еразмо сведочи дека се до 1500.година Чесите не само што ја празнувале совесно Саботата, туку и се нарекувале сабатаријанци. (R.Cox,op.cit )Норвешка, Католички провинцијски собор во Берген: Известени сме дека некои луѓе во разни покраини на кралството прифатиле да ја празнуваат Саботата. Строго се забранува – во црквените канони- да се слават празници кои не ги пропишал папата, над-бискупот или бискупот. Ги советуваме сите Божји пријатели ширум Норвешка кои сакаат да и бидат послушни на светата црква да не се впуштаат во тоа зло,т.е. држење на Саботата,а на останатите под закана на црквени казни им забранувам да ја празнуваат Саботата. ( Dip.Norveg. 7,397 )

16.век

Норвешка: Некои од вас, наспроти предупредувањето ја држат Саботата. Вие мората да бидете строго казнети. За кого се утврди да празнува Саботата мора да плати казна од десет марки.( Krag end Stephanius.History of King Christian II )Лихтенштајн: Сабатаријаните учат дека треба да се почитува Саботата. Тие велат дека неделата (како седмичен ден за бого-служение ) е папска измислица.( Wolfgang Capito,Refutation of the Sabbath,1590) Индија: прочуениот езуит Франциско Хавиер, барал инквизиција установена во Гоа, Индија 1560.година, за да го испита тоа „еврејско зло, држење на Саботата.(Adeney,the Greek and Eastern Churches , str.527-528 )

17.век

Околу 100 цркви кои ја држеле Саботата, главно независни, цветале во Англија во 17 и 18 век. (Dr.Brian W.Ball,The SeventhDay Men,1600 – 1800, Oxford University 1994)Саботата е празнувана и во различни делови на Европа и Америка.

18.век

Германија: Тенхард од Ниремберг целосно ја држи доктрината за Саботата зошто таа е една од десетте заповеди.(J.A.Bengel Leben und Wirken,str.597) Абисинците и многу континентални Европејци, посебно во Романија, Чешка, Холандија, Германија продолжиле да ја држат Саботата. Таму каде што Римската црква имала надмоќ, на тие сабатаријани им бил одземан имотот, плаќале казни, биле затва-рани дури и убивани. ( Coltheart str.26 )

19.век

Кина:Кога би ги прашале Таипингите зошто ја празнуваат Саботата би одговориле дека тоа го учи Библијата,а второ затоа што нивните предци ја држеле како ден за богослужение.(A Critical History of Sabbath and Sunday)

20.век

Постојат повеќе од десет милиони христијани кои ја празнуваат Саботата ширум светот во повеќе од 25 деноминации и стотина независни заедници кои ја држат Саботата.