Текстови

ВИДОВИ СВЕТОГЛЕД

Иако можеби се чини дека на некои луѓе не им пречи филозофијата како го сфаќаме и согледуваме светот во кој живееме, сепак, сепак нашиот светоглед во голема мера го одредува нашиот поглед и однос кон нашиот свет, кон Бога и кон ближните. На пример, некои Хиндуси веруваат дека во кармичкиот циклус на реинкарнација треба да проживеат милиони животи со кои неможе да се спореди ниту еден живот поединечно. Тие веруваат дека нивната судбина во овој живот е непосреден резултат на т.н. карма (севкупност на нивните дела направени во претходниот живот). Затоа, за еден сиромашен, улогав питач, постои мошне малку милост и сочувство, зашто, сообразно со оваа сфаќање, улогавецот само плаќа за своите лоши дела од претходниот живот.

Според тоа, секој напор да се измени неговата состојба, само ќа го упропасти неопходниот процес на реинкарнација. Второ, следбениците на Њу ејџ веруваат дека се богови и затоа сакаат да развијат бог или божица во себе. Поради тоа, ним и не им е потребен спасител, зашто не можат да направат никакво зло. Бидејќи се богови, тие се бесмртни и всушност не умираат. При смртта само се реинкарнираат, наново се раѓаат во друг живот, слично на Сонцето кое не умира, туку навечер во еден крај заоѓа, а едновремено во друг изгрева се раѓа.

Ќе ги наведеме основните светогледи (погледи на светот) што постојат денес во светот.

ТЕИЗАМ (Грчки teos – Бог);МОНОТЕИЗАМ (Грчки Mono – еден и Teos – Бог). Верувањето во еден Семоќен, сеприсутен и сезнаен БогСЕдржител; вера во личен, жив Бог Творец, кој создал се што се гледа и не се гледа, и нашата планета Земја, врховен владетел и оној кој ја одржува вселената.Овој библиски, христијански светоглед, го опфаќа верувањето во светото тројство: Бог Отец, Исус Христос Божји Син, и Светиот Дух. Теизмот е темел на христијанската наука. Затоа за христијаните теистичкиот светоглед претставува основна наука која би требало да служи како темел на сите други науки. Колку исток што е далеку од запад, толку таа не оддалечува од небиблиските погледи на светот.

Во теизмот, чијашто основа е Библијата, Бог јасно се открива како личност, со сите белези на личност која чувствува, мисли, сака, која има своја волја. Библискиот Бог е над вселената, Над природата, над човекот, над своите созданија- не е во нив, туку е надвор од нив, меѓу нив и над нив. Тој не ги проникнува своите созданија и не е присутен во нив внатре како некаква енергија или како некое духовно јадро, како што учат ориенталните мистични религии.

Вселената навистина е интегритет, но поинаков од оној божемен интегритет на таоистите, монистите, анимистите, пантеистите, спиритистите и од оној на приврзаниците на Њу ејџ, од оној што се темели на нивната божемна „космичка енергија„ која што ја ставаат внатре во созданијата, внатре во себе.

Библискиот интегритет на вселената го обезбедува и библискиот Бог Пантократор (*Грчки panto – се, целосно, сеопфатно и krateo – владее) – СЕвладетел, Седржител, Семоќник.

ДЕИЗАМ. Деизмот го прифаќа Бога како праизвор и творец на светот, но не признава никакво Божје мешање во животот на природата и општеството, неговата интервенција во токовите на светот, ниту пак признава некое божествено откровение.

Според деизмот, Бог го создал нашиот свет, и целата вселенаистата ја ставил во движење и потоа кренал рацеод неа и ја препуштил самата на себе да продолжи понатаму, претворајќи се на тој начин во пасивен посматрач. Според овој светоглед, Бог не е поврзан со нашите секојдневни грижи, проблеми или настани, туку „само не посматра од далечина„.

АТЕИЗАМ. (Грчки – а – а не и teos – бог). Безбоштво, безверие; негирање дека постои Бог, натприродни сили и божествен поредок во светот, откажување од сите религиозни верувања. Атеист – безбожник, безверник.

НАТУРАЛИЗАМ. Светоглед кој природата ја смета за единствено нешто што навистина постои, духот и неговите творби ги ги опфаќа со поимот природа, објаснува дека сите појави се поврзани со природни причини и имаат свој темел во природните закони, дека се може да се објасни со логиката и со научните законитости и не укажува на постоење на некој план или цел.

Тоа е теорија што ја птифаќаат многу научници и секуларни хуманисти. Натуралистите ја проучуваат само природата, а бидејќи човечките суштества се дел од неа, една гранка од натурализмот е и секуларниот хуманизам, кој учи дека на луѓето не им е потребен Бог – тие можат се да постигнат сами. СообраЗНО СО ТОЈ СТАВ, СЕКОЈ ФЕНОМЕН МОЖЕ ДА СЕ ОБЈАСНИ СО НАУКАТА ИЛИ ЛОГИКАТА. нЕГОВИТЕ ПРИВРЗАНИЦИ САКААТ да го развијат човечкиот потенцијал во себе, во својата внатрешност. Овој светоглед го ослободува човекот од сите барања што ги поставува Бог оред човечкиот род.

МОНИЗАМ. (Грчки: monos – сам, еден, единствен). Филозофско сфаќање кое сите појави во врска со нивната супстанција, со законите што владеат во нив и со нивниот морал, ги сведува само на еден единствен принцип: телесното и духовното имаат исто потекло и во суштина тие се едно исто, теорија дека стварноста е единствена (еднообразна) целина. Будистите некогаш цел свет и се во него, вклучувајќи ги и луѓето, го споредуваат со некој огромен оркестар кој ги свири своите партитури за да произведе хармонична музика. Најобична фаза која го прикажува монизмот е „едно во се и се во едно“. Приврзаниците на Њу ејџ, кои ја прифаќаат оваа филозофија, се борат за мистично единство во вселената.

ДУАЛИЗАМ. Филозофски правец, односно начин на сфаќање според кое телесното и духовното, физичкото и психичкото, телото и душата значат дев меѓусебно различни, наполно спротивни и независни супстанции или принципи. Според Платоновиот дуализам, човекот е дуалистичко суштество составено од смртно грешно тело и од бесмртна благородна душа која едвај чека да се ослободи од него, од тој затвор во кој е затворена, и да се вивне во сферата на боговите, од каде што и дошла.

ПОЛИТЕИЗАМ. (грчки: poly – многу и teos- бог). За разлика од монотеизмот (вера во еден Бог), политеизмот прифаќа вера во множтво богови (многубоштво) кои се прикажувани со сите најлоши човечки мани, меѓу кои се наоѓале и такви божици каква што е Клоакина, заштитница на јавните нужници. Старите Грци и Римјани со своите многубожечки религии, полни со многубројни богови и светилишта, се типични многубошци, со кои имал расправии и апостол Павле во Атина и во Рим. и старите библиски пророци имале расправии со оклните народи кои биле тешки многубошци, потонати во многубоштво.

Астрологијата семирот го прикажува како структура од поголеми и помали семирски богови и нижи духови. Тоа е типична политеистичка, но и пантеистичка религија.

АНИМИЗАМ. Мистично, спиритистичко верување според кое целокупната природа, дрвјата, птиците, животните и сите елементи, како што се дождот, ветерот, а и луѓето, имаат свој дух или душа. Насекаде околу нас се наоѓаат духови. Тие живеат во земјата ,во водата, во облаците, на небото… Анимизмот учи дека луѓето се дел од овој мистичен свет исполнет со духови – со добри и зли. Сите елементи во природата имаат сроден дух кој може да општи со човечкиот дух; Луѓето може да општат, и општат со тие духови, со духовите на тополите, на врбите, со духовите на шумите, на мочуриштата, на планините… Тие духови можат да ги поврзуваат едни со други и да управуваат со нивната судбина, ако ги слушаат. Вака веруваат Хиндусите, будистите, американските домородци.

Човек анимист комуницира со врбата, со шумата, со планината, со мучуриштето – го слуша гласот на нивниот дух, стапува во разговор со него. Духот му објаснува го советува, го упатува, му наредува ,се јавуваат разни привиденија и ликови со кој разговара, се договара и заедно прават планови за разни заеднички активности и акции; меѓу нив се развива заемно пријателство и доверба; тие му раскажуваат чудни случки од минатото, му прикажуваат неверојатни настани што треба да се одиграат во иднина, му ги исполнуваат желбите одат пред него, го водат, му помагаат, го предупредуваат, заедно се впуштаат во разни авантури, учествуваат во чудни заеднички потфати…

И навистина околу нас насекаде има духови, но „тоа се демонски (ѓаволски) духови кои прават чуда“(Откровение 16,14), и кога луѓето контактираат со божемниот дух на планините, на шумите, на мучуриштата, со духот на врбите и тополите, тие всушност контактираат директно со ѓаволот и со неговите демони кои се кријат зад тој нивни замислен дух. Тоа е опасна и мошне ризична игра која најчесто завршува со трагично за оној кој разговара со нив.

ПАНТЕИЗАМ. (грчки: pan – се, и teizam -„ бог“). Религиозно-филозофско учење кое бога го идентификува со природата и природата ја посматра како манифестација на божеството, учење според кое бог и природата се едно исто, а предметите и појавите во светот се само моменти на божествениот сеживот, според кој бог и природата не стојат во однос како бог и создадено дело. Идеја дека божјата суштина или вселенската енергија проникнува се, вклучувајќи ја и планетата Земја. Пантеизмот учи дека вселената и се што е во неа е бог или негова манифестација. Во пантеизмот не постои жив бог како личност којашто одржува и учествува во настаните меѓу луѓето. Како што објаснивме при теизмот, Нашиот Творец, Бог, е надвор од своите созданија, додека пантеистичкиот бог е едно со созданијата, внатре во нив. Нивниот бог е присутен во се, во секој елемент на вселената – се во се – во листот , на дрвото, во тревката, во дождовната капка и во човечките суштества. Верување дека луѓето се богови.

Како што кажавме порано, идејата дека бог е присутен во се и се во се (пантеизам), одобрува општење и со животните (содомија), со што се укинуваат и сите разлики меѓу луѓето и животните, зашто се се слева во едно. Пантеизмот има истакната улога во хиндуистичкиот светоглед.

ТАОИЗАМ.(тао: бог, пат, разум,реч смисла, логос). Негов основач е Лао Це, кинески филозоф (6 век пр.н.е.). Кинеска религија, тешка мистика и вистинско празноверие, вид на пантеистички и анимистички мистицизам, сличен на хиндуистичкиот светоглед.

Атеизмот, натурализмот, монизмот, дуализмот, политеизмот, таоизмот, анимизмот и пантеизмот се дијаметрално спротивни од вистинскиот теистичкиот библиски светоглед. Сите тие светогледи се наполно спротивни од библискиот креационистички светоглед.