Текстови

ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО

Евангелие според Лука 24, 1-47

А во првиот ден на седмицата, многу рано, жените дојдоа на гробот, носејќи ги мирисите што ги приготвија. И го најдоа каменот одвален од гробот. И кога влегоа, не го најдоа телото на Господа Исуса. И додека стоеја збунети заради тоа, ете,пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки. Бидејќи беа уплашени ги наведнаа лицата кон земјата, а тие им рекоа: ,,Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?

Тој не е тука! Воскресна! Спомнете си како ви зборуваше, додека беше уште во Галилеја: говорејќи: дека човечкиот Син треба да биде предаден во рацете на грешниците и да биде распнат и да воскресне на третиот ден! И си ги спомнаа Неговите зборови. И кога се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на Единаесетмината и на сите други. А тие беа: Марија Магдалена, и Јоана, и Марија Јакововата мајка, и други жени со нив: им го кажаа тоа на апостолите. А ним овие зборови им изгледаа како празна шега, и не им веруваа. А Петар стана и отрча до гробот се наведна и ги виде само ленените завои, и отиде назад, чудејќи се за она што се случило.

И ете во истиот ден, двајца од нив одеа во едно село, наречено Емаус, одалечено шеесет стадии од Ерусалим, и разговараа меѓу себе за сите овие настани. И додека тие разговараа и се запрашуваа, Сам Исус им се приближи и одеше со нив. Но на нивните очи не им беше дадено да Го препознаат. И им рече: “Какви се тие зборови што ги водите патем меѓу себе и зошто сте нажалени? И едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: “Дали си Ти единствениот странец во Ерусалим, Кој не знаеш, што се случило во него овие дни? И им рече: Што? А тие му рекоа:“ Онаа што стана со Исуса Назареецот, Кој беше пророк силен на дело и во словото, пред Бога и пред целиот народ: како нашите свештенички главатари и старешени Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа. А ние се надевавме дека е Тој Оној, Кој ќе го избави Израил. И покрај сето тоа, веќе е трет ден откако стана ова. А не збунија и некои жени од нашите, кои биле многу рано на гробот, и не го нашле Неговото тело: дојдоа и кажаа дека виделе појава на ангели, кој им рекле дека Тој е жив. Некои од нашите отидоа до гробот и најдоа како што рекоа жените, но Него не Го виделе. И тој им рече: О неразумни и спори во срце, за да верувате за се што рекле пророците! Не требаше ли Христос да го претрпи тоа, и да влезе во Својата Слава? И кога почна од Мојсеја и од сите пророци, им протолкува што е пишана за Него во целото Писмо. И кога се приближија до селото, во кое одеа, Тој се направи како да сака да оди натаму. Но, тие Го задражуваа, велејќи: “Остани со нас, зашто вечерта е близу, а денот веќе превали! И влезе да остане со нив. И додека беше прилегнат со нив покрај трпезата, зеде леб, благослови, го раскрши и им го даде. Тогаш им се отворија очите и Го препознаа: но Тој стана невидлив за нив. И си рекоа еден на друг: Не гореше ли срцето во нас, кога ни зборуваше патем и ни ги толкуваше Писмата? И во истиот час станаа и се вратија во Ерусалим, каде ги најдоа собрани Единаесетмината, и тие кои беа со нив, кои зборуваа: Господ навистина воскресна: му се јавил на Симона! А тие пак раскажаа што се случило патем и како Го препознаа при раскршувањето на лебот.

И додека тие уште зборуваа за тоа, Сам Исус застана меѓу нив и им рече: Мир вам! А тие збунети и уплашени мислеа дека гледаат дух. А Тој им рече: Зошто сте збунети? И зошто се се јавуваат сомненија во вашите срца? Погледнете Ги Моите раце и Моите нозе – Јас Сум Истиот! Допрете ме и видете, зашто духот нема месо и коски, а како што гледате Јас имам. И кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете. А тие бидејќи од радост уште не веруваа, туку се чудеа, им рече: Имате ли тука нешто за јадење? И Му дадоа парче печена риба и мед со саќе. Тој го зеде и јадеше пред нив. И им рече : ,, Тоа се зборовите што ви ги зборував додека уште бев со вас, дека треба да се испони се што е напишано за Мене во Мојсевиот Закон, во Пророците и во Псалмите.

Тогаш им го отвори умот, за да ги разберат Писмата …