Текстови

Адвентистичките лидери за самитот во Kопенхаген

Дали христијаните треба да се грижат за околината? Претседателот на адвентистите на седмиот ден вели “да” во видеото објавено на You tube, совпаѓајќи се со самитот во Копенхаген.

“Сосема во основа, грижата за животната средина не навраќа на нашите почетоци”, вели Полсон. Архиепископот на Кантербери рече дека по негово мислење христијаните треба да бидат загрижени за климатските промени. Лидерите на Црквата на Англија се приклучија на 16 други високи функционери од Обединетото Кралство во Вестминстерската опатија на 6 декември, во марш за да престане “хаосот во климата”.

Тој е еден од многуте христијански лидери во светот кои ја набљудуваат постапката на сегашните климатски промени на самитот во Копенхаген. На предавањето во март тој изјави , “верските заедници потфрлија во она што се очекува од нас за стимулирање на одговор за климатските промени во општеството”. Тој додаде дека “ние сме во близина на кулминација” на глобалното затоплување “и дека црквата и другите верски заедници, не учествуваат во водството на светот против тоа”.

Многу од христијаните не го земаат во предвид прашањето за вештачки создаденото глобалното затоплување како значаен проблем. Истражувачки извештај Барна посочи дека само 33 проценти од евангелистите во САД сметаат дека глобалното затоплување е голем проблем. Покрај тоа, австралискиот законодавен дом неодамна постави граница за јаглерод и Кина и Индија се повлекоа од конференцијата во Копенхаген.

“За жал јас не сум голем оптимист дека нешто драматично ќе произлезе од самиотот во Копенхаген”, вели Самуел Сорет, водач на одделот за животна средина и здравје на работа во црквата на адвентистите на семиот ден на Универзитетот за јавно здравје во Лома Линда.

“Тешки одлуки мора да се донесат за скратена емисија и сортирање на прашањата помеѓу развиените земји и земјите во развој”, вели Сорет. “Климатските промени се веројатно една од најсериозните здравствени неправди во историјата на човештвото.”

Иако е скептик за климатските промени, британскиот адвентистички пастор Пол Лохан вели дека се фокусира да биде креационист чија работа е да “настојува” кон земјата.

“Без да бидам премногу радикален, настојувам малку да направам и јас. Ние сме повикани да бидеме старатели на Божјите созданија а не сопственици на музеј”.

Други имаат поинаков поглед. “Се прашувам колку големо влијание можеме да направиме како за Божиќ знаејќи дека ќе настапи крај на светот”, вели научникот Питер Волтон, скептик за глобалното затоплување.

“Постојат безброј документи и разговори со врвни научници кои комплетно ја уништија слабата наука зад извештаите на меѓувладината комисија за климатски промени и нејзиниот спонзор Програма за животна средина на обединетите нации”, додава тој.

Но Волтон ги турка аргументите во друга насока, повикувајќи се на чувствата на Мајкл Кригтон во Нациналниот прес клуб во Вашингтон, велејќи “ние не сме морално оправдани да трошиме голема сума, три милиони долари на оваа шпекулативно прашање кога најпосле и најважно не можеме да ја предвидеме иднината, но можеме да ја знаеме сегашноста”.

Волтон цитира од предавањата на Кригтон каде што изјавил “дете постанува сираче како последица на сидата секои 7 секунди и 50 луѓе умираат од друга болест секоја минута”. Волтон тврди дека ова не мора да се случи и повикува на рефокусирање на приоритетите.

Дали климатските промени се реалност, или не, е предмет на ригорозни дебати. Мирослав Островљановиќ студент во колеџот во Лондон вели “Господ рече при создавањето дека луѓето би требало да се грижат за созданијата. Тоа не е изменето бидејќи знаеме дека на светот ќе му дојде крај”.

Виктор Пилмур, вработен во адвентистичка црква во Велика Британија, внимателно проучуваше на самитот за климатските промени во светлината на Битие 1 и Колосјани 3 во едно неодамнешно предавање. “Позицијата на адвентистите треба да биде јасна. Нашата заветна одговорност како старатели на созданијата претходи на гревот и неговите последици. Треба да го пoчитуваме се она што Бог ни дал, без оглед на науката”, рече тој.

Дебата на глобалното затоплување претставена од страна на 70 водачи на земјите од состанокот во Копенхаген, се изразува загриженост дека глобалното општество мора да размисли за решителни и различни текови на акција против глобалното затоплување и слични прашања.

“Тоа не е само работа на Владата. Прашањето за подобрување на нашето старателство на животната средина е лична, индивидуална одговорност исто така”, вели Рејмунд Дабровски, директор за комуникации во адвентистичката црква. “Како за почитување и на созданијата, како христијанин јас треба да се ограничам во користењето на светските ресурси, и ги балансирам моите потреби и желби.”