Човештвото чекори во насока на уништување и целосна сопствена деградација. Во оваа целосна збрка, злото се става на исто место со доброто. Под изговорот за „подобри човекови права″ се одобруваат секакви неморални работи кои се заштитени со закон.
Ова не се случува во некоја примитивна и неразвиена земја која е во некој зафрлен крај на планетета –
»Ова се јавува во − НАПРЕДНА И КУЛТУРНА ЕВРОПА.«
– Холандските педофили кои во 2006 основале политичка партија, чија цел е легализирање на сексуални односи со деца постари од 12 години конечно престанале со работа.
Педофилите сметаат дека сексуалните односи со деца постари од 12 години треба да бидат дозволени, ако самите деца се сложат со тоа. Исто така оваа партија се залага за легализирање на сексот со животни, при што ветува дека ќе води грижа во тие случаеви да не дојде до злоупотреба.
Нивната цел е и легализирање на сите дроги, овозможување на оние кои се постари од 16 години да го продаваат своето тело, легализација на детската порнографија во приватна сопственост и друго.
Еден од основачите на партијата, Ад ван дер Берг смета дека забраната за односи со помлади од 16 години ги прави децата љубопитни и затоа сака педофилијата да стане тема на разговор при што треба да се вклучи и парламентот. Партијата е огорчена затоа што педофилијата станала табу тема поради случајот на Марк Дутрукс, заради кој сега сите педофили се третирани како криминалци.
Инаку, белгијскиот „монструм″ Дутрокс во 1995/96 година киднапирал и злоставувал шест девојчиња стари од 8 до 19 години, од кои четири во негово заробеништво умреле на страшен начин.
Основањето на оваа партија ја разбранува холандската јавност. Активистката Ирен ван Енгелен, која е жесток противник на педофилијата изјавува дека ова партија сака да се претстави како бранител на детските права но всушност работи за интересите на педофилите кои ја сочинуват партијата.
Партијата е расформирана поради, како што се вели, намалените активности на членството.
● Овие и други слични изопачувања како што е хомосексуалноста, беа причина да Бог реагира во минатото и каже што мисли за нив.
Секој нека излезе од овие градови, од ваквиот начин на живот и нека го побара Бог.
Содом и Гомор на „модерното време″ ќе ја имаат истата судбина како и оние од минатото.