Финансиската криза која денес владее е најтешка после онаа од 1930 година и е поинаква од сите.
Автомобилската индустрија има најголеми загуби во денешната светска криза, по стапките на другите автомобилски компании деновиве и германскиот автомобилски произведувач „Опел“- кој е фирма ќерка на американскиот „Џенерал Моторс“ кој меѓу првите побара финансиска инјекција, побара од германската Влада помош од 3,3 милијарди евра за да не оди во банкрот, а Нисан веќе отпушта поголем број работници.
Во контекст на намалената продажба на автомобили, со оглед на тоа дека за време на финансиска криза потрошувачите не инвестираат во автомобили, се трупаат залихи на непродадени автомобили на повеќе компании но најмногу на гигантот Toyota, која ги складира своите автомобили на бродови во шведското пристаниште Малме, Крајслер ја користи воената база во Онтарио и др.
– Европските членки на Г20 се состанаа на подготвителна средба за самитот на Г20 во Лондон, во Берлин барајќи нови решенија за продолжената финансиска криза.
Некои европски влади ставија акцент на смалување на данокот на додадена вредност, други ги зголемија субвенциите, други ги намалија трошоците на работењето, трети предлагаат еврообврзници за да можат поевтино да позајмуваат пари…
За време на средбата Претседателот на Франција изјави: „Од самитот на Г20 што се одржа во ноември 2008 до денес, ситуацијата е влошена. Сите сакаме сакаме средбата во Лондон да биде успешна. И, сите сме свесни дека е тоа последна шанса. Европа бара нови темели на целиот систем.“
– Оваа недела индексите на Вол Стрит паднаа на најниско ниво за последниве 12 години.
Последниот квартал од 2008година, американските банки го завршија со вкупна загуба од 26,2милијарди долари, што претставува прва нивна квартална загуба по 1990 година.
Германската Дрезденербанк лани оствари загуба од 6,3 милијарди евра поради глобалната финансиска криза.
Огромниот буџетски дефицит од 1,75 трилиони долари ќе претставува 12,3 проценти од домашниот бруто-производ на САД што е рекорден износ по Втората светска војна. Обама ќе се потруди да го намали буџетскиот дефицит до 2013 година, ќе побара помош од Конгресот, но некои експерти тврдат дека ако продолжи рекордното позајмување на Владата за финансирање на долгот ќе влијае на финансискиот пазар и ќе доведе до зголемување на каматните стапки за позајмувачите, со што ќе го забави економскиот пораст.
За сега во САД има најново рекордно ниво на невработеност – пет милиони луѓе се без работа.
Поминаа повеќе од девет години откако беше родена европската заедничка валута, еврото.
Од тоа време, економијата во целата еврозона никогаш немаше западнато во рецесија. Но, сега се случи токму тоа, со што се влоши состојбата со работните места и инвестициската иднина на милиони луѓе. ММФ во пресрет на тешката финансиска состојба на Унгарија, Австрија и Романија гледа излез во итно воведување на еврото во источноевропските земји членки на ЕУ.
Сите предвидени мерки за спас на финансиската криза, како воведувањето на една валута во сите земји, за нас адвентистите е тема која сме ја слушале пред десет години, но сега ја доживуваме истата.
Дали е тоа само почеток на предвидениот екуменизам , почеток на соединување на сите земји за спас од предвидениот крај?