По повод меѓународниот ден на толернацијата – 16 ноември, вчера во главниот град на Македонија, Скопје се организираше марш под мотото “ЉУБОВ Е ЉУБОВ“. Организаторите на овој марш апелираа за повеќе толерантност и отвореност кон различноста и недискриминација од секаков вид – врз основа на пол, возраст, етничка, социјална или политичка припадност, религија, раса, уверување, хендикепираност или сексуална ориентација.
Иако толеранцијата кон сексуалната ориентација беше споменувана при крајот на излагањата, сепак на организаторите таа им е во преден план.
Но, да видиме што Бог преку Библијата сака да ни каже во врска со толерирањето на хомосексуализмот.
Левит (3та книга Мојсеева) 20:13 – Ако маж легне со маж, како со жена, двајцата ќе направат одвратно и гнасно дело; нека и бидат предадени на смртта, тоа е крајна гнасотија.
Овде повеќе од јасно е кажано дека хомосексуализмот наместо да се прифати и да се толерира, треба да се отстрани од општеството, бидејќи влијанието може да биде катастрофално, особено врз младите генерации. Некои можеби ќе кажат дека овој текст се однесува само на односот помеѓу двајца мажи, меѓутоа мораме да имаме на ум дека во тоа време жената не била еманципирана како денес, па поради тоа кога се зборува за било што во Библијата, се зборува во главно кон мажот. Меѓутоа, јасно е дека текстот се однесува на секаков вид на хомосексуализам, како помеѓу мажи така и помеѓу жени.
Некои луѓе можеби ќе кажат: “тоа било во Стариот Завет и не важи за нас денес“. Да видиме што пишува во Новиот Завет за овој проблем.
1. Коринтјаните 6:9,10 – Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци), ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство.
Апостол Павле јасно пишува дека помеѓу оние кои Бог ги смета за неправедни се наоѓаат и хомосексуалците и тие немаат удел во Божјото Царство. Хомосексуализмот му е одвратен на Бог, па според тоа треба да им биде одвратен и на оние кои веруваат во Него. Во Библијата има уште доста текстови во кои е напишано за овој проблем и кои го осудуваат хомосексуализмот.
Кога станува збор за мотото на маршот “ЉУБОВ Е ЉУБОВ“ сакам да го споделам Библискиот став во врска со љубовта.
Во Библијата можеме да сретнеме три вида или три назива за љубовта, тоа се:
Agape (Љубовта на Бог кон човекот )
Phileo (Љубов помеѓу луѓето односно пријателска љубов)
Eros (Љубов помеѓу маж и жена односно љубов помеѓу сопружниците)
На ниедно место во Библијата не пишува дека постои друга љубов покрај овие. Никаде не пишува за љубов помеѓу хомосексуалците, туку таквата “љубов“ можеме да ја наречеме изопачена и гнасна пред Бог.
Ние денес сеуште живееме во времето на Божјата милост, време кога можеме да се покаеме да ги исповедаме своите гревови пред Бога и да добиеме опростување. Целта на оваа статија не е да се нападнат хомосексуалците како луѓе, бидејќи Бог и нив ги сака. Целта на оваа статија е да се осуди хомосексуализмот и да се нарече со вистинско име – ГРЕВ пред Бог.
Бог е Бог на простување! Да ги исповедаме своите гревови, да прекинеме да ги вршиме а Бог ќе не облече во Исусовата праведност. АМИН!