Притисокот врз оние кои сакаат да ги следат Божјите начела се повеќе се зголемува. Нема сегмент од животот во кој не треба да се покаже на чија страна си. Иако постои цена за направениот избор, примерот кој се дава остава длабока трага. Ова е ден таков пример.
При изборот на Мис Америка 2009, претставничката на Калифорнија Carrie Prejean (21) на прашање од еден член на жирито (Perez Hilton), − дали мисли дека и останатите држави треба да го следат примерот на четирите држави кои ги озаконија хомосексуалните бракови одговори :
„Ние живееме во земја каде можете да изберете да бидете во брак со личност од ист или различен пол. Но знаете што, во мојата држава, во мојата фамилија, и јас верувам дека бракот би требало да биде помеѓу маж и жена. Така сум воспитана и јас верувам дека бракот треба да биде помеѓу маж и жена. Благодарам″.
Оваа изјава скапо ја чинеше.
Членот на жирито Перез, познат блогер и хомосексуалец, со неговата бурна реакција се нафрли врз неа. Оптужувајќи ја за најлош одговор во историјата на Мис Америка при тоа нарекувајќи ја со погрдни имиња.
После скандалот таа беше повикана на неколку интервјуа и секогаш нејзнините одговори беа промислени и цврсти.
»Бев спремна за прашање од жирито, но кога слушнав дека доаѓа од Хилтон, веднаш бев спремна да одговорам иако знаев дека тоа ќе ме чини освојувањето на круната. Горда сум на тоа што го кажав. Одговорив од срце врз основа на моите верувања и за мојот Бог«.
На прашање поврзано со нападите на Перез, таа вели :
„Можам да му порачам дека ќе се молам за него. Жал ми е за него, навистина. Мислам дека е лут и повреден. Јас го сакам без обѕир на се″.
Во оваа тешка и неправедна борба Кери ја изгуби круната, но небесната круна е многу повредна и посјајна.
Секој од нас ќе се најде во ситуација каде што ќе треба да даде одговор на различни прашања и да покаже по кој пат чекори.