Текстови

Морален пад

Како можеме да очекуваме дека Бог ќе ни го даде својот благослов и заштита кога ние одамна сме му рекле да не остави на мир? А, бидејќи тој е внимателен и ги почитува нашите одлуки мирно се оддалечил.

Ми се чини дека сево ова започна многу одамна кога некој рече дека не сака никакви молитви во нашите училишта, а ние со тоа сме се сложивме. Потоа некој рече: подобро е да не се чита Библијата во нашите училишта, Библијата која вели немој да убиваш, немој да крадиш, сакај го својот ближен како самиот себеси, а ние и со тоа сме се сложивме. Не помина долго време некој доктор рече дека не мораме да ги караме нашите деца кога се однесуваат лошо, затоа што нивните карактерни црти би можеле да се деформираат и со тоа би се нарушило нивното самопочитување, а ние и нему му рековме во ред, затоа што сметавме дека тој како стручњак знае што е потребно за нашите деца. Потоа некој рече дека е подобро да наставниците и воспитувачите да не ги казнуваат децата кога не се однесуваат коректно.

А педагозите во училиштата одлучија да ниеден наставник не смее ни да го допре ученикот кога се однесува лошо, затоа што никој не сака лош публицитет на училиштето. Ние и со тоа се сложивме. Потоа некој мудар од Педагошкиот совет на училиштето додаде уште нешто што му било наложено од повисокиот врв. Ние и со тоа се сложивме.

Потоа некои избрани на изборите рекоа: – Не е важно она што го работиме приватно се додека ги исполнуваме обврските што сме ги презеле. Сложувајќеи се со нив ние додадовме.Не е важно ако некој вклучувајќи го дури и претседателот, прави се што му се сака, се додека сум јас вработен и економијата добор се држи. После сето ова некој побара. Ајде да ги рекламираме ревиите и списанијата со разголени фотографии, и тоа да го наречеме воодушевување на убавината на човечкото тело. Повторно кажавме дека и тоа е во ред. Потоа некој друг отиде чекор подалеку и ваквите фотографии ги објави на Интернет, ние рековме добро, затоа што тие имаат право на слободен избор. Потоа индустријата за забава рече: да направиме ТВ програми кои го поттикнуваат насилството и телесните страсти. Да снимаме музика која поттикнува крадење, дрогирање, убивање, самоубивање со еден збор се со ѓаволска содржина. Ние тогаш одговоривме: -Ма, тоа е само забава, нема тоа никакви последици. И така никој ништо не зема за озбилно и затоа одиме напред!

Сега се прашуваме зошто нашите деца немаат совест. Зошто не го разликуваат доброто од лошото. ,,Веројатно ако доволно долго интезивно размислуваме’’ ќе го најдеме одговорот.

Шегата на страна мислам дека тој е повеќе од едноставен. Го жнееме она што сме го посеале.