Текстови

Што ли не очекува во 2009 година?

Еве веќе неколку дена зачекоривме во 2009 година. Еуфоријата која владееше во среда вечерта помина. Си посакавме едни на други здравје, среќа, љубов, радост, пари и уште многу други желби. За некои 2008 година ќе ја паметат како година со многу успеси и среќа, но за други луѓе таа беше година на многу неизвесности: војни, убиства, пад на светската економија, отпуштање на многу од своите работни места и уште какви ли не зла кои беа присутни на оваа планета. И ако ги анализираме дневните настани можеме да слушаме само зло а многу малку за добро. И не е чудо што луѓето се збунети и уплашени за иднината. И сигурно си го поставувате и вие тоа прашање ,,Што ли не очекува оваа година? Дали светот ќе се опорави и ќе застане на нозе? Или со огромни чекори се движиме кон пропаст?

Многумина од луѓето одговорот го бараат во хороскопи, астролози, гледачи на карти и се уште какви не сатански измислици . Жално е тоа што приметив на почетокот на оваа година како беа прашани познати Астролози гледачи на звезди за иднината на оваа година. Зарем треба од нив да бараме одговор за иднината. Зарем ние не живееме во замја христијанска, каде што авторитет е Библијата (светото писмо). Дали астролозите се вдахновени од Бога? Или пак, можеме ли безрезервно да им веруваме? Библијата е категорична и таа познава само два типа на пророци кои предвидуват нешто за иднината. Едниот тип се Божји пророци а дугиот се слуги на сатаната или лажни предвидувачи. Библијата зборува дека во последните денови ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заведат, ако е можно, и изабраните. Матеј 24:24 И сега се поставува прашање како ќе ги препознаеме. Библијата ни дава упатства и не советува како можеме да ги препознаеме. Моја молитва и желба оваа 2009 година е поусрдно да ја проучуваме и истражуваме библијата за да не бидеме измамени.