Текстови

Светска економска криза

Рецесијата е збор кој широко одекнува насекаде во светот и егзистира на глобално ниво.Се појави и шири како пандемија со голема брзина,со познати симптоми,во секоја држава ,некаде повеќе ,некаде помалку.Отсекаде се бара помош,план,стратегија,за нејзино надминување.Се даваат финансиски инјекции , кредити.Се лечат последиците ,но никој не ги знае причините.Како настана,до кога ќе трае и како да се надмине.Можеби настана стихијно ,полека,можеби акутно,но наеднаш го потресе целиот свет .Берзите во сите држави почнаа драстично да паѓаат,големи компании го намалија профитот за голем процент губејќи милиони долари месечно.Автомобилските индустрии се на работ на пропаст затварајќи многу работни места.Луѓето остануваат без својата егзистенција губејќи го комодитетот во материјалистичкиот свет.Ова е економска криза од историски размери .Намали продажбата на куќи, станови,коли.Луѓето веќе не инвестираат,луѓето стравуваат.Медиумите се најголем извор за сеење паника и страв.Медиумите се и најголем извор за пренесување на пандемијата наречена рецесија.Истовремено се пренесува и делењето помош.Но,прашањето е кој на кого помага?

Америка си инјектира на себе си помош од буџетот и од централната банка ФЕД и други заеми околу 4,3 милијарди долари за да ги закрепне банките, осигурителните друштва и автомобилската индустрија.>

Меѓународниот монетарен Фонд (ММФ) и додели инјекција од 10,2 милијарди долари на Исланд и се подготвува на Турција да и додели прилично голема финансиска инјекција,потоа на Летонија, Украина, Унгарија, Србија и Пакистан.Но дури и во Фондот се скептични како ќе ги обезбедат сите средства.Но, што ако таа помош е мала, а економската криза продолжи да се продлабочува и во наредните години?

Американскиот милијардер Џорџ Сорос ,во своето интервју за германскиот весник „Шпигел„ изјавил дека економијата на САД треба да прими дополнителни 300 – 600 милијарди долари за да ја надмине финансиската криза и оценил дека од новиот претседател Обама ќе зависи надминувањето на кризата.Ако на САД и се потребни уште финансиски инјекции ,колку ли повеќе им се потребни на другите држави?Со која економска моќ, план и стратегија Исланд,Турција,Летонија,Украина и другите помали држави ќе можат да ги враќаат своите финансиски кредити кои им помогнаа сега на самиот почеток на рецесијата. Како ќе го избегнат банкротот во иднина големите компании што сега побараа помош како:Форд,Крајслер,Џенерал моторс,Пежо-Ситроен,Ролс-Ројс,Јагуар,Ландровер,Ситигруп…. и многу други компании.Најнеобично во ова време не рецесија е падот на нафтата,со која ОПЕК досега загубија 700 милијарди долари поради големото намалување на цената на овој енергенс ,изјавил претседателот на ОПЕК,Чакиб Келил,за алжирскиот дневен весник „ Ел Хабар„. Светот е во паника.Се прават прогнози, анализи, стратегии,пазарни реформи.Но никој не може да ја предвиди иднината.

Тука се наметнува и прашањето ,дали настана природно, по некој свој тек, или е „вештачка криза„ создадена од некои големи сили со одредена цел. Додека многу луѓе живеат во неизвесност и не знаат што ги чека во иднината , Aдвентистите на Седмиот ден, имаат извесна иднина предвидена со сите сегашни, минати и идни текови низ историјата. Сите пророштва за минатото, сегашноста и иднината можат да се најдат на едно место, во Библијата. Бог кој е наш Творец, и Автор на Библијата, само Тој може да ја предвиди иднината .Само Него може да Му веруваме во овој денешен непредвидлив свет.Затоа Aдвентистите на Седмиот ден не живеат во паника денес, ниту се надеваат на овој материјалистички свет.Го знаат однапред текот на настаните кои забрзано зема апокалиптички замав,а кој е веќе опишан во Библијата во Откровението кој Бог му го објавил на човекот затоа што го сака.

Блажен е оној ,кој чита,и оние,што ги слушаат зборовите на пророштвото и пазат на напишаното во него,зошто времето е блиску.„-Откровение,1,3