Текстови

СЗО – СВЕТСКА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Оваа организација е задолжена за здравството во светски рамки и работи во склоп на Обединетите Нации. Сите нејзини препораки и залагања се прифаќаат целосно од државите. Ретко кој се сомнева или спротивставува на нејзините одлуки.

ВНИМАНИЕ!

Станува збор за организација со политичко – финансиска моќ !

 

Нејзините залагања се објавуваат во многу телевизијски и печатени медиуми, но тужбите и критиките против неа тешко излегуваат во медиумите а судските спорови бавно се решаваат. Важна улога во одлуките на СЗО имаат фармацевтските компаниии водени од сопствени интереси.

Би ја споменале последната работа – свинскиот грип. Сите медиуми го промовираа залагањето на СЗО за вакцинирање, скоро секој ден. Но кога се заврши пандемијата, пристигнаа критики и забелешки против неа, но ова помина оскудно во медиумите.

Но полека некои работи излегуваат на виделина:

» Во извештајот кој го испратил британскиот пратеник Пол Флин до Советот на Европа, стои дека станува збор „ за пандемија кој не постоела″, а програмата за вакцинација е окарактеризирана како „распространета употреба на плацебо″.

По разгледувањето на овој текст комитетот укажал дека имало „сериозни недостатоци″ во поглед на транспарентноста при донесувањето на одлуката за прогласување на епидемија, што создало стравување дека е можно влијание на фармацевтската индустрија врз оваа одлука.

Комитетот предупредува дека падот на довербата во препораките на СЗО може да се покаже како катастрофална во случај на некои идни пандемии.

» На седницата присуствувала и Фиона Годли, главен и одговорен уредник на списанието „Британски медицински журнал″, прикажувајќи ја истрагата која ја спровела весникот. Таму се вели дека водечките научници кои учествувале во одлуките на СЗО за правење залихи од антивирусни лекови, добивале пари од фармацавтските компании.

Дали здравјето е примарна цел или заработувачката?

Останува на народот да процени.