Текстови

ЗАШТИТА НА СЛОБОДНА НЕДЕЛА

MEPs покрената Пишана Декларација

Секретаријатот на COMECE, Протестантската црква во Германија (ЕКD) и Црквата во Англија ја поздравија иницијативата на неколку Членови на Европскиот Парламент да ја прашаат Куќата да одлучи за Пишаната Декларација **за заштита на слободна недела како есенцијален столб на Европскиот Социјален Модел и како дел од Европското културно наследство**. Таквата декларација ќе конституира важна обврска за** Социјална Европа**.

Сега е важно да се најде мнозинството неопходно за оваа резолуција која е покрената од пет парламентарци – од политичките групи на ЕPP, PSE, ALDE и UEN – на 2 февруари 2009 год.

Економската и финансиската криза не направија повеќе свесни за фактот дека не сите аспекти од животот можат да бидат субјект на пазарни сили. Неконтролираната потрошувачка не е модел ниту за одржувачка економија ниту здрав концепт за човечкиот развој. Мажите и жените, кои работат во недела, се подредени во нивните социјални врски: нивниот семеен живот, личниот развој и дури нивното здравје се значајно афектирани.

Дел од Европското културно наследство на долготрајна традиција и високи вредности, слободната недела е одлучувачки фактор во балансирање на работата и семејниот живот. Тоа е од фундаментално значење за семејните врски, но исто така и за социјалниот и културниот живот како чувар на малку од преостанатото време кое може да биде споделено од децата и нивните родители. Според правото на ЕУ, Неделата е седмичен ден за одмор за децата и адолесцентите(1). Поради тоа, почитта кон Неделниот одмор го има потенцијалот да биде столб на Европскиот социјален модел.

Во последниве години, заштитата на Неделата била еродирана во многу држави – членки на Унијата, со цел за зголемување на производството и потрошувачката. Работниците искусиле фрагментирање на нивните приватни животи, додека малите и средно големите претпријатија, кои не можат да си дозволат непрекинато работно време го имаат изгубено своето место на пазарот. Декларацијата која е сега претставена во парламентот ги повикува сите држави – членки на Унијата и ЕУ институциите “да ја заштитат неделата, како седмичен ден за одмор, во националната и ЕУ работната легислатива за да се зголеми заштитата на здравјето на работниците и помирувањето помеѓу работата и семејниот живот.

За да биде усвоена, сега е потребно Пишаната Декларација да биде потпишана од мнозинството (394) на MEPs пред 7 мај 2009. (1)-Види чл.10 од Директивата на Советот 94/33/EC од 22 јуни 1994,во врска со заштитата на младите луѓе на работа, OJ L216,стр.12-20.

Членот 116 од Правилникот за Процедура на Европскиот парламент предвидува дека Пишаната Декларација е текст од максимум 200 зборови презентирана од максимум 5 MEPs и поднесена до сите MEPs во период од 3 месеци. Ако декларацијата собере мнозинство потписи, станува официјален акт на Европскиот Парламент и тогаш се пренесува до адресите кои се цитирани.

Текстот на пишаната декларација е во анексот и исто така може да биде најдена под: (http://www.europarl.europa.eu/activities/plenary/writtenDecl/wdFastongoing.do

Oва било пророчки напишано пред околу 150 год.:

“Има многумина, дури и од оние кои се ангажирани во ова движење за Неделата, кои се заслепени од резултатите кои ќе ја следат оваа постапка. Тие не гледаат дека удираат директно по религиозната слобода. Има многумина кои никогаш не ги разбрале барањата на Библиската сабота и лажната основа врз која Неделата почива”.- Сведоштва, vol.5,стр.711.{ChS 161.2}

“Сатаната става своја интерпретација на настаните и тие мислат дека несреќите кои ќе ја наполнат целата земја се резултат од кршење на неделата. Мислејки да го смират Божјиот гнев овие влијателни луге ги прават законите присилувајки ги да ја почитуваат Неделата”. {Настани на последното време 129.4}

“Оваа класа ќе подигне обвинение дека брзото ширење на корупцијата во голема мера се должи на сквернавењето на т.н.”Христијанска сабота” и дека присилувањето за почитување на Неделата во голема мера ќе го подобри моралот во општеството. Ова oбвинение е посебно поттикнато во Америка, каде доктрината за вистинската Сабота е најшироко проповедана”.— Големата борба 587

 

Александра Данева