На ден 18.12.2009 година навршија 60 години од бракот на Елена и Ристо Кочовски. Поради тоа во месната црква во Кавадарци беше организирана соодветна церемонија со цел да се одбележи овој настан што не е многу чест во ова време.
Ристо Кочовски е роден на 22.12.1919 година во Струга, а детството и младоста ги минува во Скопје. Завршува вишо економски училиште и во текот на својот живот работи во железница, како пастор и во градежната компанија “Бетон“.
Елена Кочовска (родена Поп-Ицова) е родена во Кавадарци на 03.06.1930 година. Учи и се образува во својот роден град и завршува гимназија. Во својот живот работи како сметководител во една македонска компанија.
Во 1948 година при една службена посета на Ристо Кочовски во Кавадарци, во времето кога работи како пастор се запознава со Елена Поп-Ицова. Нивното пријателство се продлабочува и прераснува во љубов. Наскоро тие одлучуваат да се венчаат и по вереничкиот период стапуваат во брак на ден 18 декември 1949 година.
Во оваа свеченост присуствуваа поголем дел од верниците на месната црква Кавадарци, но беа присутни и голем дел на роднини и пријатели на брачниот пар Кочовски. Со своето присуство ги почести и градоначалникот на град Кавадарци Александар Панов кој им посака добро здравје и убав живот.