ДЕТСКИ СОБОР ВО КАВАДАРЦИ

Преполна сала, детски џагор. Најмладите од цела Македонија имаа за чест да го прослават Бога со своите детски гласови пред мноштвото дојдени верни во Кавадарци. Од пораките кои ги упатија децата преку нивната програма многу срца беа допрени и денот 16.05.2009 ќе остане во сеќавање.