ДВЕ РАДОСТИ ВО ЕДЕН ДЕН

На ден 18.04.2009 година во Кавадарци ни гостуваше Јоже Авшар од Словенија со неговата сопруга. Присутните има предност да слушаат едно од неговите животни искуства. А попладне младинското богослужение беше крунисано со крштевање од страна на Ванчо Шатевски од Пехчево.

Кога проповедникот Томе Божинов после крштевањето апелираше и за другите кој не сториле завет со крштевање да направат во иднина се пријавија неколку луѓе. Моја молитва кон Бога е да ги чува Тој цврсти во нивната одлука.