Текстови

Извештај од животното искуство на Илија

Беше вистинска привелегија и охрабрување да се слушне со свои уши, искуството на Илија Ампевски. Да се биде во Божја присутност заштитен од злите сили на сатаната е идеал и привелегија на секој христијанин. Во една прилика кога Господ Исус Христос се преобразил пред Јован, Јаков и Петар, Петар извикал дека добро е да направат сеници и да останат тука, во Божја присутност. Жално е понекогаш кога таа присутност Божја не ја цениме, свесно или пак несвесно се одалечуваме и се втурнуваме во некои сплетки на сатаната.

Можам да кажам после сето оваа искуство на Илија, дека тешко на оние луѓе кои ги минат овие искуства, но фала му на Господ што тој многу луѓе како гламја од оган ги извлекува да бидат спасени за вечноста. Таа љубов Божја достигнува и повикува и до оние кои се на маргините на пропаста, само затоа што не сака! Само наше е дали ние ќе се одзвиеме на нежниот божји повик. За концертот кој беше одржан само можам да кажам слава на Бога, и благодарност до сите оние луѓе кои своите дарови и способности ги користат за слава на Бога.