Текстови

Концерт

На ден 14.11.2008 г. концерт одржа женскиот состав од гимназијата Живорад Јанковиќ, Нови Сад. На едночасовниот концерт пред околу стотина присутни беа отпеани повеќето песни од новиот албум “Ја желим бити тамо где си Ти“. На почетокот присутните ги поздрави пасторот на црквата во Кавадарци, Томе Божинов, а подоцна кон присутните се обрати и водачот на групата, професорот Зоран Стајич, кој во своето обраќање ги опиша накусо;создавањето и историјата на составот, како и нивните последни активности. Составот уште при пеењето на првата песна најави дека концертот ќе биде еден од најдобрите одржан во салата на Христијанската Адвентистичка црква – Кавадарци.

Присутните не го криеја своето воодушевување, од песна во песна задоволството стануваше се поочигледно. На крај откако групата заврши со својот настап, пасторот Томе Божинов побара уште еднаш да биде отпеана барем една песна по што групата се сложи, на голема радост на сите присутни. По завршувањето сите им подадоа рака на членовите составот, со најтопли честитки и желби наскоро повторно да се одржи нешто слично во Кавадарци. Се надеваме дека наскоро повторно ќе имаме можност на присуствуваме на нешто уште подобро и поголемо. Му благодариме на нашиот Бог што ете на сите ни дал различни дарби со кои може да го прославиме на различни начини. Него нека му е вечна слава. Амин!