Текстови

Крштевање 22.11.2008

Во преполната сала на Христијанската адвентистичка црква во Кавадарци на ден 22.11.2008 година со библиско крштевање беа крстени 3 млади особи.Тие ја изразија својата љубов на Господа заветувајќи се со послушност и преданост кон неговата света волја.

На свеченоста беа присутни гости од неколку цркви од Македонија.Крштевањето го изврши пастор Томе Божинов, а пригодни зборови упати пастор Јован Жеравица.Во свеченоста придонесоа и децата а исто така и оркестарот со нивните музички таленти.После службата сите присутни се собраа на заеднички ручек.

Му благодариме на Бог за сите негови благослови кон нас, како што беше и овој ден, ден исполнет со радост, а исто така се надеваме на нови радосни моменти, моменти за прослава на Бог и за радост едни со други.