На ден 15.05.2010 година, базенот во црквата Кавадарци уште еднаш беше наполнет. Овој пат црката топло ги прими новите брат и сестра Јанчови од село Грлани, Виничко. Братот Орце и сестрата Јасминка ги крсти брат Михајло Гурев а со нив проучуваа и ги подготвуваа за крштевање брат Киро Сканарски и локалниот проповедник Ѓурица Пастоњицки.
Топло добредојде во фамилијата на Христијансаката Адветистичка црква им посака братот Ѓурица врачувајќи им го заветот на крштевањето со стиховите од Светото Писмо од Изреки 4, 23 и Откровение 22, 14 и поклон книга во знак на сеќавање на овој ден кога го направија својот завет со Бога. На овој свечен и многу драгоцен момент на овој брачен пар, беше присутен и нивниот помал син Никола кој изрази желба да биде крстен наскоро.
Драги браќа и сестри ве молиме во своите молитви да го имате ова семејство и нивните блиски, кои исто така заедно со нив ги проучуваа Библиските вистини, и сакаат да го следат примерот на нашиот Господ Исус Христос и на братот Орце и сестрата Јасминка.
Мира Пастоњицки