Текстови

МЛАДИТЕ ОД КАВАДАРЦИ ВО АКЦИЈА

Да се биде млад во Христијанската Адвентистичка Црква во Кавадарци е голема привилегија но и одговорност.. Нема потреба локалниот проповедник да ги мотивира младите да излезат во центарот на градот за да го поканат месното население на серијата предавања што ќе се одржат под мотото “ЧОВЕК ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА“ од 6 до 12 декември. Младите се сами свесни и одговорни со водачот на млади за Христовиот налог. Се користат доста нови, современи методи за да се информираат луѓето за овој настан. Наша желба и молитва е Бога да го благослови овој проект.