Текстови

„ПОДАЈ РАКА“ за Емил Новески

Во неделата 07.03.2009, учесниците во „ПОДАЈ РАКА“ повторно се собраа и тоа овој пат за да му помогнат на Емил Новески. Од 10ч до 13ч, учесниците во „ПОДАЈ РАКА“ спроведоа една акција со цел да се соберат средсва и да му се помогне на Емил.

Тие шетаа по улиците на Кавадарци и сите граѓани кои во моментот се наоѓаа во градот, имаа можност уште еднаш да му помогнат на Емил и да ја покажат својата грижа кон сите на кои им треба помош. Како што скоро сите знаеме Емил Новески има 11 години, и е болен од Акутна Миелоична Леукемија. Единствената можност за да се спаси Емил е да му се пресади коскена срж, или сега попознато како пресадување на матични(основни) клетки. Ова пресадување на коскена срж може да се изврши само во специјализирани и добро опремени болници, а бидејќи, кај нас нема таква болница Емил мора да оди на трансплантација во Фрнкфурт. За ова лекување се потребни многу големи средства односно 250 000 евра, кои се потребни само за лекувањето. ФЗО на Р. Македонија му даде на Емил 200 000 евра, а семејството, со помош од сите граѓани кои сакаат да помогнат собра повеќе од 35 000евра, но потребни се уште средства, па затоа ајде уште еднаш сите да му помогнеме на Емил и да му овозможиме да замина на лекување! Да се молиме за Емил, а исто така и финансиски да му помогнеме! Ајде сите да му ПОДАДЕМЕ РАКА на Емил Новески, и да му помогнеме за да ни се врати жив и здрав од лекувањето во Германија!

Маја Велковска