Текстови

Прошетка на младите во Прилеп, Битола и на Пелистер

Група млади од Кавадарци во Саботата ја посетивме црквата во Прилеп. Таму освен нас гостуваше и познатиот кларинетист Илија Ампевски. Тој ги вооудешеви прилепчани со својот кларинет и животното искуство кое го зборуваше. И овој пат тие ја покажаа својата гостопримливост на дело.

Вечерта продолживме во Битола. Покрај топлата печка во црквената просторија се отворија многу дискусии до касно во ноќта, кои ги продолживме во домовите каде бевме сместени. Во неделата наутро тргнавме да го освоиме Пелистер и за неколку часа бевме до местото Копанки. Таму времето го поминавме во заеднички и незаборавно дружење.