Текстови

Семинар за саботна школа

На ден 17.10.2009 во Кавадарци се одржа семинар за саботна школа. Предавач на овој семинар беше пасторот Игор Босниќ од Србија кој воедно е водач за саботна школа во Југоисточната Унија при адвентистичката црква, а исто така збор зема и пасторот Томе Божинов од Кавадарци.

На овој семинар гости беа водачите на саботна школа и старешините на црквите од цела Mакедонија.

На самиот семинар се зборуваше за тоа што е целта на саботната школа, како да ја направиме саботната школа привлечна за верниците кои, статистички, се повеќе ја избегнуваат. Со еден збор се зборуваше за тоа како да се зголеми поучувањето за Бога во рамките на саботната школа, а со тоа и создавање на реални предуслови за подобар христијански живот. За време на семинарот учесниците поставуваа прашања на кои предавачот смирено и мудро одговараше.

Учесниците на овој семинар имаа заедничко дружење и за време на ручекот кој го припремија вредните домаќинки од Кавадарци. Тоа беше можност учесниците да поразговараат меѓусебно за личните искуства со Бога и да споделат искуства од работењето во локалните цркви.

На крај, може да се каже дека овој семинар беше поттик за многумина од водачите кои ќе се обидат да применат нешто од изнесеното во своите локални цркви, а сето тоа со цел да се подобри активноста во саботната школа, да се запознае подобро Бог и на крај да се прослави на најдобар можен начин.