Текстови

Активности во Струмичкиот округ

На 23 и 24 декември во Заводот за Заштита и рехабилитација во Банско и во Ново Село беа поделени пакатчиња од АДРА од Германија за децата во Македонија.
Пред поделбата на пакетчињата во Заводот за заштита и рехабилитација децата имаа кратка програма со песнички, меѓу кои една беше за Христовото раѓање како и за Новата Година која ни престои.

Воодушевени од љубовта и вниманието кои ги внеле нивните пријателчиња од Германија, подготвувајќи им ги овие мали новогодишни изненадувања, децата од Ново Село исто така, изразија желба да ни пеат и рецитираат. Бевме трогнати гледајќи ги како на посебен начин ги изразуваат радоста и воодушевувањето додека ги отвараа своите пакетчиња.

Голема благодарност за овој мал знак на внимание изразија и директорите на овие институции Јустина Гноинска Димитрова и госпоѓа Убавка Георгиева.
Во поделбата на пакетчињата помагаа Тони Гоцев, Томе Трајков и Ѓурица Пастоњицки.

Струмица, Мира Пастоњицки