БЛАГОСЛОВЕН ВИКЕНД ВО СКОПЈЕ

Верниците од месните цркви “Вера“ и “Влае“ од Скопје заедно со гостите и пријателите имаа благословен викен собрани сите заедно во преполнетата сала на Христијанската адвентистичка црква во Влае. Имено во сабота на 28.11.2009 година месната црква ,,Влае,, беше посетена од претседателот на ЈИЕУ од Белград Ѓорѓи Трајковски заедно со неговата сопруга Марија.

Гостинот од Белград во својата порака до присутните ги потсети за библискиот настан за Марија која својата едно годишна заработувачка во облик на парфемот (миро) што го излила на Исуса. (Види Јован 12,3) За делото што го направила Марија и самиот Исус ја пофалил. Колку сме ние денес подготвени да го повториме истото дело на Марија во наше време?

Пред почетокот на проповедта родителите Бобан и Биљана Мојсовски, Михајло и Мирјана Гуреви и Игор и Весна Богатиновски сите од Скопје ги донесоа своите деца (Морино, Стефан и Марко) на посветување пред Господа следејќи го примерот на Исуса. ,,И кога се навршија деновите на нејзиното очистување, според Мојсеевиот закон, Го донесоа во Ерусалим, за да Го претстават пред Господа.,, (Лука 2,21). Порака до родителите и благослов од Господа до децата упати брат Ѓорги Трајковски.

За време на попладневното богослужение гостин во црквата Влае беше Д-р Биљана Трајкова, спец-епидемилог до Велес која одржа предавање за актуелниот грип А Х1Н1 (познат како свински грип). Во исцрпното предавање на докторката присутните имаа идеална прилика од стручна медицинска страна да се запознаат со појавата, пренесувањето и заштитата на свинскиот грип. Беше констатирано дека најдобра заштита е само заштитата, лична хигиена, воздржување од посета на групни собирања и редовно јавување кај матичниот лекар. Месниот проповедник Томе Трајков на Д-р Биљана во име на црквата Влае и подари книга ,,Исхраната и здравјето,,.

Верниците во Влае имаа уште една радост, на 29.11.2009 г. беше одржан обред на венчавање помеѓу Емилија Милковска и Илија Ампевски од Скопје. Обредот на венчавање го изврши брат Ѓорѓи Трајковски. На новиот брачен пар Ампевски им честитаме брак и им посакуваме обилни Божји благослови во нивниот нов заеднички живот!

Верниците од Скопје му благодарат на Господа за благословениот викенд, за пораките кои ги примија, за меѓусебното дружење и за радоста што ја делеа меѓу себе!

 

Приготвил

Пастор – Томе Трајков

Скопје