ЕСЕНСКИ ОКРУЖЕН СОБОР ВО СКОПЈЕ

Во сабота на 23 октомрви 2010 година во црквата Влае во Скопје се одржа овогодишниот есенски окружен собор под мотото ,,ИСПОЛНЕТИ СО СВЕТИОТ ДУХ,,за црквите Вера и Влае и за околните места. Службен гостин на соборот беше брат Михајло Гурев, претседател на М.Мисија кој до пристуните верници, пријатели и гости упати духовни пораки претпладне и попладне.

За време на претпладневното богослужение месниот проповедник Томе Трајков по пат на презентација ги претстави настаните што се случуваа во изминатата година во скопскиот округ а воедно го престави и Стратешкиот план за активностите за 2010/2011 година.

Родителите Александар и Ана од Скопје го донесоа нивниот син Андреј на посветување пред Господа. Чинот на посветување го водеше брат Михајло Гурев.

Сите присутни на соборот беа поканети на зеднички ручек приготвен од нашите вредни сестри.

Му благодариме на Бога за убавото време и за позитивниот дух кој владееш на соборот!

 

Пастор на скопскиот округ

Томе Трајков