ХИС – Македонија

Pathfinder клубот е програма на светско ниво организирана и водена од Одделот за млади при Генералната конференција на црквата на адвентистите на седмиот ден. Тој нуди широк спектар на искуства за учење на младите луге од 10 до 15 годишна возраст и повозрасни.
Пионер клубовите се отвораат локално скоро во сите држави под поткровителство на локалните цркви или училишта. Се проценува дека 38% од младите адвентисти, на возраст од 18 и под 18 год. се членови на Извидничките клубови или на некоја слична, црковно спонзорирана младинска група.

Навигација

Организација на ХИС во Македонија

Активности на ХИС Македонија

Слики од активности ( 21 и 22 Мај 2011г. – Скопје)

ХИЛК ГОЛАК 2011

Слики од Голак

Организацијата на ХИС во Македонија
Кај нас организацијата на Извидници, како дел од Унискиот ХИС, функционира како Подсојуз или ХИС Македонија (Христијански Извиднички Сојуз Македонија).

Претставување на Одредите – ХИО (Христијанско Извиднички Одред)
Составен е од три одреди, и тоа Струмички, Кавадаречки и Скопски Одред.
Водач на ХИС Македонија, како што веќе знаете е Ванчо Трајковски.

Името на Струмичкиот Извиднички Одред е ЛЕМУРИ
– Одредот покрај градот Струмица ги опфаќа и градовите кои се во негова околина и тоа: Штип, Радовиш, Кочани и Делчево.
– Инаку Лемурите се мајмуни, своите активности претежно ги обавуваат дење и се движат по гранки , но и по земја .
– Се карактеризираат со брзина, непредвидливи се и одлучни.
Одредот брои 7 членови, а водач е Ѓурица Пастоњицки.

Кавадаречки Одред – ОРЛИ
– Кавадарци, Неготино, Прилеп, Битола, Гевгелија се градовите кои се дел од Одредот.
– Орелот е птица која лета над сите птици, се гнезди на највисоките врвови, иако е птица грабливец се смета за многу грижлив родител, има доста изострен вид и живее прилично долго.
– Цврсти, бестрашни и одлучни се дел од карактеристиките на Орелот.
Одредот брои 20 членови, а водач е Томе Божинов.

Скопскиот Извиднички Одред – Гофер
– Сите Извидници, кои покрај Скопје, живеат и во околните градови се членови од Скопскиот Одред, односно Велес, Куманово, Шуто Оризари,Тетово.
– Гоферовото дрво само еднаш се споменува во Библијата и тоа во Битие 6:14, односно тоа е материјалот од кое е направен бродот на Ное. Покрај другите постојат и две верзии за Гоферовото дрво. Некои современи Англиски преводи алудираат на сличност со “кипарис” или чемпресот, а другата верзија е дека првата буква Г од Гофер е печатна грешка и треба да биде К, односно Кофер што на Хебрејски значи водоотпорна покривка. Како и да е и двете остануваат на ниво на верзии.
ХИО Гофер е најголемиот извиднички одред со 40 членови, водач е Томе Трајков.

Активности на ХИС Македонија
– За неполна година, активностите на Одредите се зголемуваат се повеќе и повеќе. Веќе позади нас се одржани бројни извиднички часови, каде со големо внимание се дава важност на теоретската настава, проучување на Библијата, развивање на способност за распознавање, прецизност и брзина.
– Активностите на отворено се составен дел на извидничките часови. Извидниците учат нови вештини, врзување јазли, склопување на шатори, подигнување на логор, палење оган. Активности во правец на чување на животната околина, како собирање на секундарни материјали, еколошки акции, давајки добар пример останатите во својата средина. . . .

Извидниците од ХИС Македонија на 21 и 22 Мај 2011г. (Сабота и Недела) од сите градови се собраа на заедничко дружење во Скопје.
– Како мала генерална проба, пред претстојниот летен камп на планината Голак, Извидниците на ХИС Македонија поминаа два дена во дружење во Скопје. Времето им беше исполнето максимално со корисни содржини, во кои најголем дел тие самите беа учесници. Извидниците кои дојдоа во Скопје беа сместени во домовите на своите браќа и пријатели од Црквите Вера и Влае.
– Саботното утро осамна со молитва, како почеток на заедничкото Богослужение во детското одделение на Црквата Влае. После 12:00 часот извидниците беа на ручек кај своите домаќини и на краток одмор. Два – три часа пред попладневното Богослужение беа искористени за прошетка во природа, на падините на Матка.
– Веќе во 18:30 ч беше почеток на попладневното Богослужение каде што извидниците ја водеа целата програма. Ги претставија своите одреди и активностите кои ги имаа реализирано до сега. Од содржините кои беа изнесени јасно се гледаше определбата да му служат на Бога со целото свое срце. Стиховите од Библијата и духовните пораки беа доволен показател дека извидништвото не го сметаат како игра туку како параван во изградбата на силен карактер за небесното царство. Преку боите и составните делови на логото Патхфиндер, преку симболика ги објаснија допирните точки со Божјото слово и пораките од него. Неминовно беше да се поделат импресиите од минатогодишниот летен камп во Тројаци со прикажување на краток клип со главните настани, како и изнесување на плановите за овогодишниот летен камп на ГОЛАК
– Недела беше ден испланиран за извиднички активности. Главен дел беше извидничкиот марш, поделен во две групи и тоа:
Првата група, извидници над 12 години, пешачеа по подолгата патека од Волково до одредиштето-боровата шума над с. Кучково во траење од 2.5 часа
Втората група, извидници под 12 години, одеа по патеката од с. Кучково и се споија со првата група над селото и заедно продолжија кон местото на логорот – боровата шума.
Патеките беа обележани со патни знаци, поминувајки низ брдски предел, ливади и шумски дел. Извидниците беа издржливи во намерата да стигнат до целта, сложни, решителни и желни да помогнат на своите другари на кои им беше потребно повеќе одмор од останатите.
На одредиштето, по краток одмор извидниците продолжија со своите активности, склопување и расклопување шатори, качување по јаже и сл.
На крај извидниците се поздрави ја меѓу себе и закажаа следна средба на Кампот на ГОЛАК

ХИЛК ГОЛАК 2011
– Оваа година, поточно од 27 Јуни до 4 Јули на планината ГОЛАК ке се одржи летен извидничли камп. На Кампот, освен од ХИС Македонија ке учествуваат и Извидниците од Одредите од цела наша Унија.
– ГОЛАК се наоѓа во источниот дел од Македонија. Од Скопје е одалечено 200 км., од Кавадарци 150 км. и од Струмица 100 км.
– Во подножјето на планината се простира градот Делчево.
– Општина Делчево се протега на површина од 423 кмª и има 22 населени места, со вкупно 17.713 жители. Градот се наоѓа на надморска височина од 590 – 660 м.
– Извидничкиот Камп од градот Делчево оддалечен е 10 км., на надморска височина од 1.300 м., а највисоката точка на ГОЛАК е врвот Чавка, на надморска височина од 1.537 м.
– До Кампот води планински пат претежно низ шумски предел обраснат со средни и високи борови дрвја. Чистиот воздух, разновидната вегетација, мирот и спокојството се само мал дел од сето тоа што го нуди ГОЛАК..
– Пределот изобилува со разновиден животински и растителен свет, од зајак, лисица, верверици, еребици камењарки. ГОЛАК е единствената планина на целиот Балкан која има 88 различни видови на билки.
– Крајот на Јуни и почетокот на Јули, кога температурите во градовите знаат да бидат над 40ºС, на ГОЛАК се движат од 27 до 34ºС, со значителна температурна разлика во ноќните часови, кога паѓа на 10 до 14ºС
– Иако фотографиите се прекрасни, сепак убавината на теренот видена со голо око не може да се опише.