Текстови

Информации од Христијанско Извидничкиот Сојуз – ХИС Македонија

–  2010 год се одржа првиот Христијански Извиднички Летен Камп во с.Тројаци – Прилепско. Имаше околу 70 учесници. Иако прв, се покажа дека се има капацитет и желба за да се даде несебичен придонес во намерата да извидништвото земе значаен дел од нашето секојдневно Црковно живеење. Секоја минута испланирана во корисни активности, развивање на другарството и несебичноста, развивање на вистински морални вредности преку учење и совети од Светото писмо.

–  2011 год се одржува вториот, овој пат Униски ХИЛК, на планината Голак – Делчево. Вкупниот број беше околу 140 учесници. Овој Камп беше со интернационален карактер со извидници од цела наша Унија. Покрај Македонци, имаше и Роми, Срби, Унгарци и Словенци. Овој Камп беше медиумски покриен со прилози и репортажи за време на одржувањето, но и после тоа, со што влеговме во домовите на многу луге.

–  Во изминатава година, во периодот од Кампот на Голак до сега, се одржуваа извиднички часови во сите три одреди, Кавадаречки, Струмички и Скопски. Со активностите што ги имаме покажавме дека Извидништвото не е само врзување на јазли и качување по јаже, туку многу повеќе. Проучувањето на Библијата имаше 50% удел во активностите. “Го сакам Бога, луѓето и природата” е мотото што е дел од нас постојано. Иако се среќаваме со проблеми во текот на работата, сепак љубовта и посветеноста кон Бога се наш водич.

–  Од 11-17.06.2012 год ќе се одржи третиот по ред Христијански Извиднички Летен Камп – ХИЛК во Преспа, поточно над селото Сливница во планинскиот дел од крајбрежјето на Преспанското Езеро. Во подалечната околина се наоѓаат населените места: Претор, Курбиново, Крани, Штрбово. Кампот се наоѓа на надморска височина од 1.400 м Температурата во тој период од годината се движи дење од 25-28°С и ноќе 12°С. Природата е прекрасна. Кампот е опкружен со дрвја од среден раст, тече поток покрај самиот комплекс и има чиста, изворска, студена вода за пиење.. Комплексот располага со 11 соби со околу 50 кревети и место за дополнително поставување на шатори. Трпезаријата собира околу 60 души и летна трпезарија за 12 души.

–  Имаме намера преку овогодишниот ХИЛК да спроведеме активности со кои ќе допреме до луѓето, во овој случај до жителите на околните села, преку организирање на еколошки акции и со програма со Христијанска музика. Тоа да биде прв контак за една мисионска активност која може да продолжи и понатаму.

–  Се повикуваат сите Извидници да се пријават кај своите водачи и да пополнат Уписница за ХИЛК 2012. Исто така Уписница треба да пополнат и родителите кои ќе дојдат со своите мали деца.

–  Без разлика на поскапувањата на горивото и храната во изминатава година се прават напори да и овогодишниот Камп биде по иста цена како и лани. Затоа доколку имате можност да донирате средства или пак знаете некои други кои можат тоа да го направат ве молиме да не контактирате. Средствата ќе се употребат да се покријат трошоците за храна, реквизити, активности и организација.

–  Цената за ХИО Извидниците, водачите и родителите е 1.500 ден

–  Родителите кои одат со своите деца, за второто дете треба да платат       1.200 ден.

–  Не се плаќа за деца под 8 годишна возраст.

–  Извидниците кои не се членови на ХИО треба да платат 2.100 ден.

–  Патувањето до Кампот не е влезено во цената на Кампот, како што беше пракса и до сега, но се прават договори да добиеме поволни цени за организирано патување, многу поефтино отколку во сопствена режија.

–  Секој учесник на Кампот ќе добие бесплатна маица со логото на Кампот

–  Ве молиме да го пријавите вашето учество и конфекциските броеви на маици, за да можеме да го имаме бројот на учесниците и за да нарачаме доволен број на маици

–  Пријавувањата со Уписници и плаќањето на партиципацијата кај Благајниците на Одредите до 02.06.2012 год.

–  Се известуваат сите родители кои ќе бидат на Кампот, ќе можат да земат учество во предвидената програма, а сето останато време се Извидници и важат истите правила како и за децата. Нема да се толерираат самоволни движења, напуштање на Кампот, недисциплина или форсирање на сопствените деца пред останатите. Ќе биде изготвен Правилник на Кампот кој сме должни сите да го почитуваме.

 

Извиднички поздрав,

Христијански Извиднички Сојуз на Македонија

Секретар на ХИС Македонија и

Старешина на ХИЛК Сливница 2012

Тони Станковски