Текстови

Искуството на Славко – Струмица

На трети Март во Домот на културата НУЦК “Антон Панов” во Струмица се одржа несекојдневен настан, како што најави локалната радио станица преку интернет, искуство на Славко Јовановиќ.

Пред неколку месеци кога локалниот проповедник на Адвентистичката црква беше на разговор со градоначалникот Зоран Заев се роди идеја да им се помогне на младите кој го имаат овој проблем со тоа што ќе се охрабрат да и кажат НЕ на оваа опака зависност, и дека во таа одлука ќе им помогни никој друг туку самиот Бог.

На овој настан беа присутни околу 40тина млади и граѓани на градот Струмица. Се надеваме дека со ваквата акција и желба кај оние кои дојдоа, и имаа што и да чујат од Славко Јовановиќ, ќе им пренесат на оние кои ја имаат таа потреба и дека ќе можат и позитивно да влијаат на други да не влезат во замка на дрогата.

После ова Славко со својот бенд Two Bags Bluesman, одржа концерт на блуз музика пред преку стотина граѓани на Струмица. И на овој начин со својот син оставија порака дека човек може да биде во музиката и без дрога, да свири и да остани чист, како што и вели Славко.