ИЗВЕШТАЈ ОД СКОПЈЕ

На 23 и 24 мај 2009 година месната црква Влае беше домаќин на гостите од Хрватска, Србија и Бугарија кои ја посетија нашата црква и кој учествуваа на интернационалниот турнир во мал фудбал во организација на спортското рекреативно друштво ,,Гофер,, од Скопје. Гостите пристигнаа уште во петок, во поладневните часови и беа сместени кај нивните домаќини.

Во сабота, 23 мај, црквата Влае беше претесна да ги прими сите гости, верници и пријатели кои имаа прекрасна можност да се дружат и да го слават Господа. За време на првиот дел гостите ги пренесоа најновите информации и поздрави од нивните месни цркви. Во вториот дел порака од Светото Писмо упати пасторот Др. Драгутин Матак, професор на Теолошкиот факултет во Марушевец кој зборуваше за предрасудите.

После заедничкиот ручек, домаќините заедно со гостите го посетија познатото излетничко место ,,Матка,, во непосредна близина на Скопје.

На 24 мај во салата “Расадник“ во Скопје се одржа интернационалниот турнир во мал фудбал во кој учество зедоа девет екипи од Македонија и странство. Најдобра екипа на турнирот беше екипата Стара Загора од Бугарија. Второто место го освои екипата Гофер од Скопје, а третото и припадна на екипата од Хрватска. Екипа за фер-плеј беше прогласена екипата од Ниш (Србија). За време на целиот турнир и за време на натпреварите фладееше спортски дух.

Му благодариме на Господа за убавото време, за дружењето и за запознавање на нови браќа и сестри во Христа!

 

Томе Трајков

Пастор