Текстови

Извештај од Струмичкиот регион

За викендот од 18 до 19 Март во посета на месната црква Струмица и Колешино дојде секретарот на Југоисточната Европска Унија брат Игор Босниќ. Во Петокот вечерта брат Игор ни послужи со многу охрабрителна порака од книгата на пророкот Езекиел четиринаесетото поглавие. Во Сабота претпладне имавме прилика да чуеме порака од Евангелието по Матеј 5,38-43 стих.

Се молевме да имаме прекрасно време за да можеме да имаме заеднички ручек со браќата и сестрите од Струмица и Колешино и со нашиот брат Игор Босниќ. И Бог ни подари убаво време се до оној момент додека браќата и сестрите не почнаа да си одат дома, и само што се разделивме почна дождот да паѓа. Така што имавме ново искуство во кое Бог не охрабри покрај духовната храна и со искуство. Попладнето братот Игор послужи во Колешанската црква. Преку него им праќаме поздрави на браќата и сестрите во црквите каде што ќе оди да им послужи од Божјата реч.

Ѓурица Пастоњицки