Извиднички камп – Тројаци

Од 20 до 27 јуни 2010 во месноста Тројаци беше организиран прв извиднички камп “Pathfinders“. Овој камп беше наменет за помладата популација. Младите беа обучени на повеќе вештини подигање на шатор, врзување на чворови, снаоѓање во природа и др. На овој камп не беше изоставена дисциплината, редот, играта и Библијата.