Текстови

КОНЦЕРТ НА ДУХОВНА МУЗИКА ВО СКОПЈЕ

Во организација на младинското одделение при ХАЦ Скопје во црквата Влае се одржа концерт на духовна музика во кој учествува групата “Маран-ата“ од Шуто Оризари.

Пред поголем број на присутни верници и пријатели беа изведени шеснаесет музички точки во прослава на Господа.

Имено групата “Маран-ата“ е основана 2005 година во која членуваат девет души и има издадено едно ЦД, а во подготовка е уште едно ново ЦД збогатено со нови песни.

На крајот од концертот беше отпеана песната “Тивка ноќ, света ноќ“ заедно со сите присутни во салата посветена на Христовото раѓање.

Му благодариме на Господа за убавата прилика што преку песна и дружење можевме да го прославиме Бога и да ја продлабочиме нашата вера и меѓусебна приврзаност.

 

Пастор-Томе Трајков

Скопје