Текстови

КОНЦЕРТ НА ХРИСТИЈАНСКИ ПЕСНИ ВО СКОПЈЕ

Во салата на Христијанската адвентистичка црква Влае во Скопје во сабота на 7 јануари 2012 година се одржа концерт на христијански песни со повеќе учесници, меѓу кои беа и членовите на детското хорче „Капки“ од Скопје.
Солист на концертот беше Сузана Томовска, која песните ги придружуваше на гитара, заедно со гостите Бобан Мојсовски и Љупчо Антовски на клавијатури, црковниот состав и извонредниот инструменталист на саксофон и на кларинет Илија Ампевски. Како круна на вечерта на концертот учество зеде Мерсиха Шукри од македонската филхармонија. Исто така учество на концертот зедоа подмладокот во скопксите цркви Сања Кушевска – пијано и Ана и Ева Томовски – пијано.

Посетителите можеа да уживаат во прекрасна музика и текстови, кои уште еднаш нé потсетија на големиот настан што се случил пред повеќе од 2000 години. Концертот успешно го водеше сестра Анета Станковска.

Пастор: Томе Трајков

Скопје