На ден 16 Април во црквата Кавадарци имавме свечен чин на кој се радуваше небото а и браќата и сестрите од локалната црква како и од Свети Николе и Штип. Завет со Господа преку чинот крштевање стори брат Љупчо Јорданов од Свети Николе. Брат Љупчо веќе неколку години се дружи со Бога преку неговата Реч – Светото Писмо.
Oд почетокот на оваа година се одлучи и на овој многу важен момен во животот, да стори завет со Бога, да го предаде потполно своето срце на Бога и јавно пред ангелите, универзумот и луѓето јасно и гласно да каже дека му го свртува грбот на злото и дека сака да биде Христов војник и амбасадор секаде каде што ќе се сретни со луѓето.
Ккрштевањето го обави братот Томе Божинов, додека во вториот дел од богослужението од Божјата реч ни послужи брат Ѓурица Пастоњицки и заeдно му посакаа срдечно добредојде во фамилијата на Црквата на Адвентистите на Седмиот ден.
Во оваа прилика на брат Љупчо пасторот на Струмичкиот округ му даде и крштален стих кој треба да го храбри а еве прилика и ние преку него да се охрабриме стихот се наоѓа во Псалам 37,5 ,,Предај му го на Господа патот свој и на Него надевај се и тој ќе делува.,,
Апелирам до сите кои се истрајни во молитвата да го поддржиме нашиот нов брат во Христа да истрае на патот по кој тргнал а за кој сите ние знеме дека не е лесен и дека ни е потребна Божја помош и подршка.
Проповедник Ѓурица Пастоњицки