Летна Верска Настава за деца во Струмица

Детското библиско друштво Сјајни Деца се обиде на децата од Струмичкиот округ да им ги исполни досадните и долги летни денови. Имено од 4 до 11 јули нашите деца се собираа за дружба од 8 часот наутро под липите во црквеното двориште каде што ја делевме духовната и телесната храна.

После доручекот следуваше часот по англиски јазик со тета Мира и бато Раде и Семинарот Состанок со Исуса низ кој чичо Ѓурица и бато Раде се обидоа малите раце да ги стават во сигурната рака на нашиот најдобар Пријател. Пред ручекот децата ги покажуваа своите вештини и способности низ игри и такмичења, а после ручекот, во креативните работилници. Пред вечерата детската врева уште еднаш се стивнуваше за часовите по веронаука каде чичо Ѓурица им објаснуваше на децата, низ библиски настани, каков е Бог.

Саботата беше посебна радост за децата бидејки имаа прилика да го претстават пред своите родители она што го беа научиле и направиле и заедно со нив да го прослават Создателот. Дружењето го завршивме со неделниот излет на Колешинските водопади каде што прославивме и еден роденден, а децата низ игра ги покажаа и своите мисионски способности и го `посејаа семето` оставајки пораки од Библијата на дрвјата за посетителите на колешинските водопади.

Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на сите кои помогнаа времето поминато заедно со децата да ни биде на благослов… посебна благодарност до Верниците од Македонската црква во Мелбурн, Управата на Македонската Мисија, родителите и пријателите на нашето Друштво како што се семејството Гуреви… без вашата поддршка немаше да успееме да ги реализираме идеите и плановите… А најголема благодарност изразуваме кон нашиот Господ што ни даде сончеви денови и сили да истраеме во напорите, 8 дена од детскиот летен распуст да претвориме од досадни и спори во занимливи, исполнети со игри песни и активности, приближувајки им го Христа како Пријател.

Поздрав до Стефани, Ребека, Анита, Давид, Виолета, Бранкица, Олгица, Андреј, Сара, Александар, Иле, Михаел, и нашиот гостин Јован… се гледаме пак!

Мира Пастоњицки