МАТУРИРАЊЕ ВО НОВИ САД

На 31. мај 2009. година во Нови Сад беше свеченото доделување на дипломи на матурантите од четвртата генерација на гимназијата „Живорад Јанковиќ„. Вкупно 11 матуранти го завршија своето школување во Адвентистичката гимназија. Помеѓу нив беа и Тасева Весна од Кавадарци и Демерџиев Христијан од Гевгелија кои успешно го завршија своето средно образование. Сите што матурираа планираат да се запишат на понатамошно студирање. Тројца од нив изразија желба да продолжат на теолошкиот факултет во Белград. Специјален гостин на свеченоста беше пастор Пол Волк кој што покрај специјалната порака за матурантите истовремено одржа и здравствен семинар во Христијанската Адвентистичка црква во Нови Сад.

Христијан Демерџиев