Текстови

Настани од Струмичкиот округ

Во период од два викенда (20-22 и 27-29) во Април се одржа серија на предавања Евангелие за Втора Генерација. Оваа серија предавања беше презентирана од локалниот пророповедник Ѓурица Пастоњицки. Самите предавања беа придружени со видео бим презентации кои имаа за цел на самите посетители да им се доближи Евангелието по Јован кое има многу допирни точки за денешното време.

На крајот од ова серија предавања на посетителите им беа доделени ДВД “Последните настани“ од Даг Бачелор како и книги со духовна содржина за понатамошно духовно усовршување.

Посета на пожарникарите во Струмица

На 24 Мај локалниот проповедник со својата фамилија направи една посета на локалната Противпожарна бригада во чест на денот на пожарникарите кој беше на 20 Мај. За таа пригода како благодарност за сето она што го прават овие луѓе 24 часа односно 365 дена во годината сакавме да им одадеме една благодарност за нивната спремност и самопожртвуваност да му помагаат на општеството кога доаѓаат и такви моменти. За таа прилика беа направени колачи кои им беа предадени на смената која тогаш беше дежурна и подарена книга од професорот Никола Тасевски “Времето и Знаците“. Бевме љубезно и топло примени и ни беа покажани средствата со кои ова бригада располага за помош на локалното жителство.

Крштевање во Колешино

На 26 Мај со почеток во 10 часот во црквата Колешино имаше посебно богослужение. Токму пред седмица дена го изгубив татко ми кој ми беше добар брат, најдобар другар, а денес моето срце беше полно што Бог ми подари двајца нови браќа Јанчов Живко и Јанчов Ненад и три сестри Јанчова Николина, Јанчова Магдалена и Андонова Ребека кои својата одлука да му служат на Бога ја потврдија со чинот крштевање.

На овој свечен чин и момент за нашите браќа и сестри кои го сторија заветот со Бога беа присутни браќа и сестри од локалната црква, од Струмица, Виница, Грљани, од Кавадарци, Скопје, како и гости од Англија и Бугарија, како и бројните роднини.

После овој чин домаќините се потрудија да после духовната храна, која со нас ја сподели брат Томе Божинов, бидеме и телесно окрепени.

Чинот на крштевањето го извршија брат Томе Божинов и Томе Трајков. Со желба да наскоро повторно базенот во Колешанската црква биде наполнет за нови браќа и сестри кои ќе го направат овој важен чекор во својот живот се пријавија нови кандидати.

Ве молам да во своите молитви се сетите на овие браќа и сестри кои штотуку го сторија тоа, да Бог ги чува и води и да им даде сила и снага да истрајат на патот на кој Исус Христос ги повикал како и оние што наскоро ќе го направат овој чекор во својот живот.

Проповедник Ѓурица Пастоњицки