Окружен Собор во Колешино

Во малото село кое е сместено во источниот дел на Македонија, кое е познато по тоа што најмногу верски деноминации има и по еднаш годишниот планинарски марш кој се организира, Колешино, на 09.10.2010 година е одржан Окружен Собор на Струмичкиот округ. Гости на овој собор беа брата Галус Ласло и Михајло Гурев.

На овој собор имавме две посветувања на малиот Иван Пујкиловиќ и на Теодора Ноемина Пастоњицки, овој обред го водеше брат Михајло Гурев, додека духовна порака пред обредот на понизноста и Вечера Господова го водеше брат Галус Ласло, а споделувањето на симболите учествува двата госта. После добрата духовна порака верниците и пријателите имаа прилика обилно и телесно да се нахранат со хрната која ја спремија сестрите од Колешинската црква. Ова не подсети и ни даде предукус на небото кога сите заедно ќе можеме да седнеме на трпезата на која ќе ни служи самиот Бог Исус Христос нашиот Спасител.

Ѓурица Пастоњицки