Текстови

СЕМИНАР ЗА КОЛПОРТЕРИ И МИСИОНСТВО

Во саботата на 24 јануари во организација на одделението за мисионство при македонската мисија во црквата Влае во Скопје, се одржа еднодневен семинар за колпортери и мисионство во присуство на поголем број на верници од Скопје и на другите месни цркви од Македонија.

Гости на семинарот беа директорот на издавачката куќа „ Препород„ од Белград, Синиша Маљик и Јован Жеравица, пастор и долгогодишен мисионер и евангелизатор од Нови Сад.

Во предпладневниот дел пастор Јован Жеравица зборуваше за искуствата стекнати преку мисионската работа со книги. Главен акцент беше ставен на важноста на мисионската работа со литература и како тоа се работи.

Во попладневниот дел брат Синиша Маљик зборуваше за работата на книжарата, за нејзините планови, кој може да биде колпортер, кои услови треба да ги исполни, и беа дадени упатства како да се биде успешен литерарен евангелист.

Му благодариме на Бога за убавото време, за пораките и за новите искуства стекнати на овој семинар.

Пастор Томе Трајков