На 9 Април во раните утрински часови група на верници од Струмичката црква се упатија во Велес одговарајќи на повикот што неодамна им го упатија браќата и сестрите од Велешката црква, заедно да го прослават Божјето име. Гостопримливоста на Велешани ја почувствувавме уште на паркингот каде бевме пречекани со добредојде и желби за Саботен мир и благослов.
Претпладневниот дел од богослужението имаа чест да го организираат гостите, додека во вториот дел имаа удел и домаќините. Од Божјата Реч ни послужи братот Ѓурица Пастоњицки со темата Дали Бог има своја црква денес или Дали Бог денес има Остаток.
После добрата духовна храна, сестрите и браќата од Велешката црква се потрудиле и сите заедно уживавме во вкусен заеднички ручек. Откако добро се поткрепивме заедно со своите домаќини отидовме на прошетка во паркот каде што можевме да оствариме нови пријателства и да ги продлабочиме старите низ дружење и дискусии.
Дружењето го завршивме со попладневно Богослужение и со желба повторно да се сретнеме, но овојпат на наш терен.
Му благодариме на Бога за една прекрасна Сабота која можевме во Неговата милост да ја поминеме со браќата и сестрите од Велес и се надеваме дека наскоро и тие ќе не почестат со своето присуство во Струмица заедно да го прославиме нашиот Творец и Спасител.
Проповедник Ѓурица Пастоњицки