Христијанската Адвентистичка Црква – црква на седмиот ден (Seventh-day Adventist Church) означи 150 години од постоењето на своето име на 01.10.2010 г. Во 1860 г. пионерите на Црквата се собрале во Батл Крик, Мичиген и одбрале име за движењето кое имало околу 2500 приврзаници во северно-источниот дел на САД и југо-источниот дел на Канада.. Денес ова движење има повеќе од 16 милиони крстени верници и ја има најголемата Протестанска мрежа на училишта и болници во светот.
Седмиот ден (Seventh-day) се однесува на денот за Богослужба земен од четвртата заповед од втората книга Мојсеева, додека пак Адвентистичка (Adventist) се однесува на Второто Доаѓање на Исус или Второто Христово Доаѓање.
Локацијата каде што се одржал состанокот
Иако името денес ја опишува Црквата, оригинално било избрано за раната издавачка служба. Во 1860 г. црковните лидери свикале генерален состанок на кој имало 25 службеници меѓу кои и ко-создавачот на црквата Џејмс Вајт кој повикал на формирање на организација која легално може да има издавачка куѓа. Многумина го фаворизирале името “Црква На Господ“ вклучувајќи го и Вајт но за некои ова име било надмено а и веќе било користено од други движења.
Дејвид Хјуит, жител на Батл Крик, тогаш го претставил и формално го предложил името Христијанска Адвентистичка Црква – црква на седмиот ден (Seventh-day Adventist Church) име кое не само што ќе ја презентира издавачката служба туку и самото движење.