Во склоп на есенското заседание на Генералната конференција во Манила една посебна Библија тргнала на двогодишно патување по сите шест континенти, кое би завршило 2010 година на општото заседание на Генералната конференција во Атланта (САД). Библијата е со димензии 30×45 цм поврзана во кожа и ги содржи 66 книги, а секоја напишана на посебен јазик. На пример, 1 Мојсеева е на шпански, а Откровението на корејски јазик. Во нашата Унија (ЈИЕУ) оваа Библија треба да пристигне на есен оваа година.
Целта на оваа акција, чија лозинка носи наслов “Следи ја Библијата“ е адвентистите да ги потсетат луѓето на важноста на Библијата во проучувањето во секојдневниот живот. Претседателот Јан Полсон рекол:“Адвентистите на седмиот ден мора повторно да откријат колку е важно да се чита оваа книга. Истражувањата покажаа дека само 51% од адвентистите редовно ја читаат Библијата.,,
На интернетската страница www.followthebiblesda.com можете редовно да го следите патувањето на оваа Библија и распоредот на редовното читање на Светото Писмо.
Томе Трајков,
пастор Скопје