Адвентистите на седмиот ден во Интер-Америка помогнаа да се нахранат еден милион од луѓето со најголеми потреби во нивните градови и заедници на 10 октомври на вториот регионален годишен “Ден на Добрина и Сочуство“, направен за да промовира свесност за гладот.
Два американски долари или помалку донираше секој член на Црквата во регионот, кој беше организиран од страна на Интер-американската (IAD) регионална служба за млади во координација со АДРА (ADRA) канцелариите во целиот регион.
Настанот ги потсети учесниците ” што значи тоа да се даде ишто тоа значи да се биде предан”, рече Бернардо Родригез, директорот за служба на млади на црквата во Интер-Америка и ко-организатор на настанот. Родригез проценува дека над половина милион млади луѓе учествуваа само на овогодинешниот “Ден на Добрина и Сочувство“ низ повеќето од 17 црквени региони во Мексико, Централна Америка, на Карибите, Француските Антили, Колумбија и Венецуела.
Организаторите на настанот изјавија дека имаат за цел не само да се мотивираат адвентистите, туку да ја вклучат цела заедница во идентификување и одговарање на потребите.