Текстови

ГЕРМАНИЈА ГО ПОТВРДИЛА НЕДЕЛНИОТ ЗАКОН

Работата на продавниците во недела го крши посебниот закон за заштита на неделата според уставот на Германија. Минатиот вторник одлучил Уставниот суд на Германија.

Работата на продавниците дозволено е само во посебни случаеви, одлучил Уставниот суд на Карлсшуе прифакајќи ја тужбата на германските цркви против либерализација на работа во недела во сојузната покраина Берлин, каде што едниствено е на сила овој правилник.

“Светиот неделен мир“ и одмор од работата

Со пресудата на Уставниот суд, на Католичката и Протестанската црква им е дадено право. Во своите тужби кои биле упатени до Уставниот суд, двете цркви навеле кршење на така наречениот “неделен мир и одмор од работата“ кој го гарантира Темелниот закон, односно тоа е службениот назив на Уставот на Германија.

Овие две цркви се повикале на реченицата во законот на Виемарската Република од 1919 година; ,,Неделата и државните празници остануваат како денови на мирување од работата и духовно воздигнување и се со закон заштитени,,. Овој 90 години стар закон не пропаднал заедно со Виемарската Република, туку како таков е уврстен во Германскиот устав.

Овие цркви уште изјавиле дека со работата на продавниците во недела се крши и се пореметува обавувањето на верските должности. И двете овие институции ја поздравиле одлуката на Уставниот суд на Карлсшуе отценувајќи го како ,,недвосмислен сигнал,, против интересите на трговците а во корист на неделата како ден за одмор и мир.

Пресудата на Уставниот суд ја поздравил и синдикатот на работниците во Верди.

 

Приготвил,

Томе Трајков