Текстови

Хаити – нови информации

Тим на хуманитарни работници на Црквата на Адвентистите на седмиот ден се на пат кон границата на Доминиканската Република и се очекува денес да пристигнат во Хаити.

Првиот бран на помош носи медицински материјали и добра за итни случаи во земјата која беше погодена од катастрофалниот земјотрес од 7 степени по Рихтер и го остави главниот град Порт-о-Принс во урнатини вечерта во вторникот. Десетици илјади се сметаат за мртви.

Тимот составен од работници на хуманитарната организација АДРА, медицински лица од партнер организацијата “Глобал – Медик” и Интер-американската организација на црковните водачи, ќе разделат храна, таблети за прочистување на водата и ќе воспостават клиники за итна медицинска помош.

Тимот исто така ќе ја процени ситуацијата за следната рунда на хуманитарни работници за кои АДРА вети износ од 1 милион долари.

Претседателот на АДРА Charles Sandefur рече дека организацијата е целосно посветена на обезбедување брзи решенија за итните потреби во Хаити.

“Ние ќе продолжиме да правиме се што е можно да се олеснат страдањата на оние кои се засегнати од оваа неверојатна несреќа”, рече Sandefur.

Предупредување: Видеото содржи потресни сцени

Воспоставените четири мобилни клиники од АДРА и “Глобал Медик” ќе им помагаат на 1000 пациенти секој ден, материјалите за прочистување на водата ќе овозможат безбедна вода за пиење за 90.000 луѓе на ден.

Персоналот исто така ќе дистрибуира витамини, лекови против болки и антибиотици донирани на АДРА од Heart и Heart International.

Wally Amundson, директор на АДРА за Интер-Америка призна дека обезбедувањето доволно помош во моментов е голем предизвик.

“Со недостатокот на комуникација во Хаити, не знаеме колку се обезбедило локално или колку ќе треба да повлечеме од Доминиканската република, која е потенцијал извор на линија на залихи на храна и центар на хуманитарната организација”, рече Amundson преку сателитскиот телефон.

Членовите на тимот од Интер-американските црковни водачи ќе ги координираат траума-советувањата со помош на експерти за справување со катастрофи. Интер-американските работници исто така се надеваат да соберат повеќе факти за членовите на црквата во Порт-о-Принс.

Засега, црковното раководство изјави дека илјадници членови на црквите во Хаити се уште се водат за исчезнати, додека еден локален пастор е пријавен за мртов. Имаше 100.000 адвентисти кои живееја во Порт-о-Принс пред земјотресот.

Структурната загуба на имотот на црквата во моментоот вклучува штета на двете најголеми цркви во градот, универзитетот и болницата. Во моментот Универзитетот го користи универзитетскиот двор како прибежиште за стотици раселени лица и болничкиот персонал ги обнови медицинските операции на отворено.