Текстови

Извинување

Водачите на Светската Лутеранска федерација (Lutheran Word Federation, LWF) планираат да се извинат поради прогонството на анабаптистите од страна на своите предци од 16век. Анабаптистите се верски реформатори чии наследници денес ги вклучуваат, покрај останатите, менонитите и амишите.

“Бараме простување – од Бога и од нашите менонистичките браќа и сестри – поради злото кое им го нанеле нашите прататковци во 16 век на анабаптистите,“ се вели во изјавата прифатена анонимно на седницата на одборот LWF одржан на 26 октомври. Оваа изјава и понатаму оди на службено усвојување на највисокото тело на LWF so седиште во Штутгарт, Германија што ќе се работи во текот на јули следната година.

Анабаптисти, чие име значи „ оние кои поново се крштеваат,“ ставале нагласок на потреба од крштевање на возрасните верници, и повторно крштевање на оние кои се крстени како бебиња. Тие се прогонувани како еретици од страна на католичката црква во тоа време и од некои протестанти, па многу од нив побегнале во Америка.

Велечасниот Лари Милер (Larry Miller), генерален секретар на Менонитската светска конференција ја поздравил оваа одлука на одборот LWF. Toj вели дека оваа барање бара промена и кај менонитите.

„Менонитите научиле од Лутераните дека сме оправдани само со вера, зaшто знаеме дека оправдувањето донесува не само обновување на односот помеѓу човекот и Бога туку исто така и помеѓу црквата,“ вели Милер.

Председателот на LWF велечасниот Марк Хансон, кој е исто така бискуп председавач со Евангелско Лутеранската црква во Америка, вели дека извинувањето почнало уште пред 25години, „кога почнавме да ги испитуваме Лутеровите антисемитски изјави во списите.“

„Ние исто така сме потомци на традицијата која е родена од болката на животот на другите поради начинот како што нашите предци пишуваа, зборуваа и комуницираа, “ вели Хансон.

Документот представен од одборот на LWF за извинувањето го опишува покајување како„ единствен исправен одговор на прогонството од 16 век и продолжување на заедничкото карактеризирање на Анабаптистите од страна на Лутераните во вековите кои следеа.“

Тука се мисли на Аугзбурското исповедање на вистината од 1530 година, кое е главна изјава на лутеранската вера, а во кое експлицитно се осудуваат анабаптистите и нивното учење.